Квалификации СП Европа Анализи

18 ноември 2025

Austria

Bosnia & Herzegovina

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Austria & Austria 2 или повеќе голови)

Австрија влегува во овој дуел со импресивна форма, особено на домашен терен каде што последните три натпревари ги доби со вкупна гол-разлика 13:1. Тимот игра офанзивно, агресивно и високо организирано, со среден ред што го контролира темпото преку Marcel Sabitzer, Laimer и Baumgartner, кои комбинираат техничка прецизност и физичка подготвеност. Нападот е разнолик, со Marko Arnautovic како искусен завршувач, а Gregoritsch и младите опции додаваат брзина, движење и длабочина. Австрија создава голем број шанси преку крилата, доминира во посед и го користи домашниот импулс за да ја одржи контролата во текот на целиот меч. Одбраната е цврста и ретко дозволува небезбедни ситуации, што дополнително ја поставува селекцијата како фаворит.

Босна и Херцеговина влегува во натпреварот со пад на формата, но во офанзивно солидна форма, особено на гостински терен каде што остварија убедливи победи против Малта и Сан Марино, а ремизираа со Кипар. Нападот е најсилната страна на тимот, предводен од опасниот Edin Dzeko, кој и понатаму поставува висок стандард за квалитет и ефикасност. Demirovic, Bazdar и младите Alajbegovic и Bajraktarevic внесуваат брзина и агресија, овозможувајќи опасни контранапади. Сепак, дефанзивната линија не е на исто ниво и често има проблеми со позиционирање и реагирање под притисок, особено против технички појаки селекции. Тимот е борбен, но недостигот на конзистентност во одбрана може да биде клучниот фактор.

Австрија изгледа тактички посилна, со јасна предност на средината на теренот и контрола на темпото, додека Босна може да се закани само преку индивидуалниот квалитет на напаѓачите. 2:0

Belarus

Greece

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
2 & T2 2+ (Победа на Greece & 2 или повеќе голови)

Белорусија влегува во овој дуел во исклучително слаба форма, на двата одиграни меча на домашен терен прими осум, а не постигна гол. Се наоѓаат на последното место и немаат шанса за пласман овој квалификациски циклус. Тимот тешко создава шанси и има значајни слабости во офанзивата, иако одредени играчи како Barkovskiy покажуваат солидна индивидуална активност. Средниот ред функционира променливо, со Demchenko и Gromyko кои понекогаш успеваат да ја стабилизираат играта. Одбраната покажува најголеми пропусти, особено против физички и тактички поорганизирани селекции, што резултира со голем број примени голови. Белорусија генерално се мачи да најде ритам и сигурност, и се уште се без победа овој квалификациски циклус.

Грција со стабилна офанзивна форма и квалитетни индивидуалци во нападот. Иако двата гостински натпревари ги загубија против силните Данска и Шкотска, тимот генерално покажува подобар баланс и офанзивна закана, со играчи како Pavlidis, Ioannidis и Tzolis кои создаваат сериозна динамика во последната третина. Средниот ред е добро структуриран со Mavropanos, Bakasetas и Kourbelis, овозможувајќи контролирано градење и брзо префрлање тежиште. Грција обично игра цврсто, дисциплинирано и се одликува со добра дефанзивна организација, а индивидуалниот квалитет во нападот е на далеку повисоко ниво од противникот. Досега имаат шест освоени бода, а имаат постигнато 10, а примено 12 гола.

Грција има јасна тактичка и офанзивна предност, додека Белорусија тешко се носи со притисок и прима многу голови. Квалитетот и формата укажуваат на сигурна победа за Грција. 0:2

Belgium

Liechtenstein

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
Belgium -3.5 AH (Belgium да победи најмалку со 4 разлика)

Белгија влегува во овој натпревар со стабилна форма и силен офанзивен учинок, особено дома каде што последните три натпревари ги одигра со гол-разлика 10:3. Тимот е технички супериорен, агресивен во последната третина и многу опасен по крилата преку Jeremy Doku, кој е меѓу најдинамичните играчи на тимот. Средниот ред е мошне креативен со Tielemans и Onana, што овозможува брзо темпо, брзи акции и голем број создадени шанси. Lukaku, иако не игра секој меч, останува најопасната завршна опција, а поддршката од Openda и Trossard само ја зголемува офанзивната закана. Белгија ретко има проблеми против селекции од понизок ранг, бидејќи има премногу индивидуален и колективен квалитет, а дефанзивно најчесто игра солидно и стабилно.

Лихтенштајн влегува со една од најслабите форми во квалификациите, без ниту еден позитивен резултат на седумте одиграни натпревари и со огромни дефанзивни проблеми, што се гледа и од гол-разликата во гостински мечеви каде што редовно примаат 3–5 гола. Тимот е ограничен во офанзивниот дел и ретко стигнува до шанси, со играчи кои главно се фокусираат на дефанзивно поставување и обид за минимизирање на штетата. Недостигаат квалитетни индивидуалци, а играта во средниот ред е бавна, предвидлива и лесно се неутрализира од физички и технички посилни ривали. На гостински терен Лихтенштајн речиси секогаш се брани длабоко, но против селекција како Белгија ќе имаат огромен притисок. Во овој квалификациски циклус не постигнаа гол, а примија дури 24 гола досега.

Квалитетот, формата и индивидуалната разлика меѓу двете репрезентации се премногу големи. Белгија треба да доминира од првата минута, да создаде голем број шанси и без поголеми проблеми да стигне до убедлива победа. 5:0

Bulgaria

Georgia

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
2 (Победа на Georgia)

Бугарија влегува во овој дуел во многу слаба форма, со пет порази на пет одиграни натпревари и сериозни проблеми во офанзивата каде што постигна само еден гол во последните пет натпревари, а примија 18. На домашен терен загубија убедливо од Шпанија и Турција, примајќи вкупно девет гола на два меча. Иако имаат неколку солидни индивидуалци како Kirilov, Kolev и Minchev, тимот генерално тешко создава шанси и има недоволна поддршка од средниот ред. Бугарија делува нефункционално во транзиција, често под притисок, а одбраната лесно пука против физички или технички силни офанзивни екипи. Без освоени бодови досега веќе немаат можност за пласман на светското првенство.

Грузија, иако исто така во слаба форма против фаворити како Шпанија и Турција, сепак делува далеку комплетно и тактички поорганизирано од Бугарија. Тимот поседува голем индивидуален квалитет во нападот со Kvaratskhelia како главен носител на играта, кој и во тешки мечеви создава опасност по противничкиот гол. Поддршката од Mikautadze, Tsitaishvili и Davitashvili дава агилност, брзина и техничка длабочина која значително ги надминува можностите на бугарската одбрана. Иако Грузија на гостински терен нема резултати, тие играат проактивен фудбал и создаваат повеќе шанси, особено против селекции од понизок ранг. Средниот ред е мобилен, борбен и подобар во задржување на посед, што им овозможува да го контролираат темпото во големи делови од мечот.

Грузија има многу поопасен и разновиден напад, подобра структура и индивидуалци кои можат да решат меч, додека Бугарија има премногу слабости во сите линии. 1:2

Kosovo

Switzerland

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
2 (Победа на Switzerland)

Косово влегува во овој натпревар со солидна форма и значително подобрена игра во последните кола, каде особено впечатливи беа победите над Шведска и Словенија. Тимот изгледа поконкурентен на домашен терен, игра поорганизирано и многу подобро во дефанзивната транзиција. Најголемата закана доаѓа од нападот предводен од Muriqi, кој создава многу проблеми на противничките одбрани. Одлична поддршка има од Muslija, кој со дриблинг и брзина отвора простор, а Asllani е играч кој лесно се вклучува во завршница. Kosovo ретко губи на домашен терен и најчесто игра дисциплинирано, но има моменти со падови во концентрација кои знаат да бидат казнети. Сепак, целокупната слика покажува тим во пораст на формата.

Швајцарија пристигнува во дуелот како фаворит благодарение на длабок и квалитетен индивидуален квалитет. Тимот прима малку голови и игра тактички зрело, со контрола на темпото и брзи напади. После пет одиграни меча имаат постигнато 13, а имаат примено само еден гол. Во офанзивниот дел најголема опасност претставува Embolo, кој е во одлична голгетерска серија, поддржан од Ndoye, и создаваат постојани шанси. Швајцарија на гостински терен игра стабилно, со победа над Шведска и реми против Словенија, што дополнително ја зацврстува нивната улога како поискусна селекција. Одбраната функционира организирано, со минимални грешки, и тимот знае да го контролира натпреварот кога има водство, што е една од нивните најсилни страни.

Косово може да создаде проблеми преку Muriqi, но гостинот има повеќе решенија во напад и подобра дефанзивна структура. Гостите се поблиску до триумф, но се очекува тврд натпревар. 1:2

Romania

San Marino

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
1-1 & T1 3+ (Romania ќе води на полувреме и ќе победи на крај & Romania 3 или повеќе голови)

Романија влегува во мечот како огромен фаворит, и тоа според формата, пласманот и квалитетот. Тимот има серија релативно солидни резултати во квалификациите, со победи над Австрија и Кипар, иако има и два порази, од БиХ и Австрија на гостински терен. Дома Романија функционира многу подобро, и генерално е стабилна во офанзива. Клучните напаѓачи се Denis Man, Dragus, Birligea и Alibec, кои имаат солидна ефикасност. Се наоѓаат на третата позиција и со оглед на тоа дека имаат 6 бода помалку од БиХ ќе го завршат овој квалификациски циклус таму. Романија ги добива ваквите мечеви со висок ритам и голема доминација во посед.

Сан Марино е најслабата репрезентација во Европа и тоа се гледа во сите статистики. Тимот има 10 последователни порази на сите натпреварувања, а во овој квалификациски циклус примија 32, постигнаа само еден гол. Австрија им даде 10, Босна 6, а Кипар 4 гола. Тимот има екстремно слаб напад, буквално без создадени шанси, и многу слаба дефанзива. Константно има двоцифрени шутеви кон нивниот гол, скоро без излез од својата половина. Напаѓачите Giacopetti, Nanni, Berardi и останатите немаат ниту еден гол во квалификациите. Ова е репрезентација чиј максимум е да издржи дел од мечот, но не и да се спаси од висок пораз.

Поради огромната разлика во квалитет и форма единственото прашање е колку гола ќе постигне Романија. Сан Марино нема квалитет да издржи под притисок, па очекувано е уште во првото полувреме резултатот да биде убедлив. 5:0

Scotland

Denmark

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима ќе постигнат гол)

Шкотска влегува во овој дуел како второпласирана селекција со 10 бода и гол-разлика 9:5, што покажува стабилност, но и ограничувања во одредени сегменти. На домашен терен се доста поконкурентни, со две победи против Белорусија и Грција, нападот функционира добро благодарение на играчите како Che Adams, Dykes и Ben Doak кои носат динамика и брзина. Средниот ред со McTominay, McGinn и Ferguson придонесува со голема борбеност и контролирано темпо, но одбраната понекогаш лесно попушта, особено против селекции со силен физички притисок. Минатото коло беа совладани од Грција и се покажа дека имаат проблеми во одбранбените ротации, но генерално играат подобро на домашен терен и успеваат да создадат доволен број шанси за погодок. Формата е солидна, а мотивот е голем бидејќи со победа го преземаат првото место во групата.

Данска пристигнува како лидер со 11 бода и гол-разлика 14:3, а исто така и најконзистентна селекција во групата. Тимот игра зрело и тактички дисциплинирано, со одличен баланс помеѓу дефанзивата и офанзивата. Нападот предводен од Hojlund, Biereth и Skov Olsen носи континуирана закана, а средниот ред со Eriksen, Hojbjerg, Hjulmand и Damsgaard создава стабилност, контрола на посед и голема опасност од втора линија. На гостински терен Данска делува уште поубедливо, победи со 3:0 против Грција и убедливи 6:0 против Белорусија. Одбраната примила само 3 гола во пет натпревари, што говори за дисциплина, брзи реакции и добра и одлична дефанзива. Тимот делува поквалитетно од Шкотска во скоро сите сегменти од играта.

Дуелот има големо значење за двата тима, но Данска има поквалитетна и поискусна поставеност. Шкотска дома е силна и може да постигне гол, но разликата во квалитет и стабилност сепак оди на страната на гостите. 1:2

Spain

Turkey

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
Spain -1.5 AH (Spain да победи со најмалце 2 гола разлика)

Шпанија влегува во овој меч како најстабилната селекција во групата, со максимални 15 поени од пет натпревари и гол-разлика 19:0, што најдобро ја отсликува нивната доминација. Тимот игра сигурно и организирано, со постојан висок притисок и брза транзиција, а победите против Грузија, Бугарија и Турција во првиот дел од квалификациите само ја потврдуваат разликата во квалитет. На домашен терен Шпанија делува уште поуверливо, двата меча дома ги добија со 4:0 и 2:0, без да дозволат и најмала закана пред својот гол. Нападот функционира беспрекорно со играчи како Baena, Morata, Oyarzabal, Nico Williams и Torres, кои создаваат многу шанси и притискаат непрекинато. Средниот ред со Rodri, Pedri, Olmo, Merino и Fabian Ruiz носи огромна контрола.

Турција е втора во групата и има солиден учинок од 12 поени, со неколку уверливи победи како 4:1 против Грузија и 6:1 против Бугарија. Сепак, разликата во квалитет е забележлива, а нивните победи доаѓаат најчесто против селекции со послаб дефанзивен систем. На гостински терен Турција е офанзивно агресивна, но дефанзивно ранлива, што се гледа и по тоа што примија два гола на гостувањето кај Грузија. Во тимот има силни индивидуалци како Calhanoglu, Guler, Kokcu, Akgun Yunus, Akturkoglu, Yildiz и Yılmaz, но екипата има проблем да одржи ритам против селекции со висок пресинг и силна тактичка дисциплина. Дефанзивната линија често останува широко поставена, што за репрезентација како Шпанија је голема предност.

Шпанија покажува огромна стабилност во сите сегменти, а Турција и покрај добрата форма нема квалитет за долготрајно да издржи против силен противник кој доминира технички и тактички. 3:1

Sweden

Slovenia

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)

Шведска влегува во овој натпревар како последнопласирана селекција во групата со само 1 освоен бод и гол-разлика 3:11, што ја потврдува слабата форма и големите потешкотии на тимот. На домашен терен имаат два порази, 0:1 против Косово и 0:2 против Швајцарија што укажува на сериозни проблеми во нападот, но и на пад на самодовербата. Иако имаат индивидуален квалитет во нападот преку играчи како Alexander Isak, Forsberg и Anthony Elanga, реализацијата е минимална, а креативноста ограничена. Средниот ред не успева да воспостави контрола, често губат дуели и тешко градат стабилни фази во играта. Одбраната е најголемата слабост, лесно прима голови, особено кога противникот применува високо темпо или директна игра. На петте одиграни натпревари имаат четири порази.

Словенија, со 3 освоени бода и гол-разлика 2:7 се наоѓа на третата позиција на табелата и имаат далеку поцврста игра од Шведска. Иако не блескаат офанзивно, успеваат да одржат дефанзивна стабилност на гостински терен, што се гледа во последните две гостувања, 0:0 против Косово, а беа поразени 0:3 од силната селекција на Швајцарија. Нападот го води Sesko, кој е најопасниот играч напред, додека Sporar и Vipotnik додаваат завршница кога тимот создава простор. Одбраната е организирана и цврста, што им овозможува да останат конкурентни, а неретко и да ја диктираат темпото на натпревари каде противникот е под притисок.

Словенија покажа повеќе во овој квалификациски циклус. Шведска е во криза, прима многу голови и не успева да создава доволно. Словенија може да го контролира ритамот, да чека грешки и да казни. Сепак очекуваме цврст натпревар без многу голови. 1:1

Wales

Macedonia

Европа • Квалификации 📅 18.11 🕐 20:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Велс влегува во овој натпревар со нестабилна, но сепак конкурентна форма. Тимот има сериозни осцилации, победа над Лихтенштајн, но и порази од Белгија на домашен и гостински терен. На домашен терен Велс е нешто поцврст, но селекцијата генерално има проблеми со константност, особено во дефанзивата каде прима голови против технички посилни противници. Во офанзивниот дел се потпираат на играчи како Johnson, Brooks и Harris, а средниот ред со James, James и Wilson создава динамика, но недостасува континуирана контрола на темпо и стабилност во транзиција. Велс честопати почнува силно, но како што одминува натпреварот губи ритам. Двете домашни победи покажуваат дека има капацитет, но според досега прикажаното пропустите во одбрамбената линија се очигледни.

Македонија влегува со многу посолидна резултатска стабилност последните месеци. Гостинскиот биланс е прилично позитивен, реми со Белгија, победа над Лихтенштајн, триумф над Казахстан. Македонија игра дисциплинирано, со затворена дефанзивна структура и добро организирани контранапади. Средниот ред со Elmas, Bardhi, Alimi и Kostadinov е стабилен. Во нападот, Miovski, Churlinov и Trajkovski носат брзина, што особено на гости функционира добро против противници кои оставаат простор зад линијата на бекови. Одбраната изгледа многу поконзистентно од онаа на Велс, примиле само три гола на седум одиграни натпревари, што говори за дисциплинираност, стабилност и добро поставување. Иако офанзивно понекогаш имаат потешкотии, тимот е многу зрел тактички, со разиграни креативци во средината.

Овој дуел има големо значење за двете селекции, и ќе го одреди второто место на табелата. Македонија веќе неколкупати покажа дека знае да направи резултат и да прикаже игра над своите можности. 1:1

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)