Шпанија Лалига Прогнози

07-09 ноември 2025

Elche

Real Sociedad

Шпанија • La Liga 📅 07.11 🕐 21:00
💡 Тип:
X (Нерешено)

Elche се наоѓа на 9-то место во Ла Лига со 14 освоени бода по 11 одиграни натпревари. Тимот на Eder Sarabia има три победи, пет ремија и три порази. На последните четири меча не знаат за победа, а минатото коло беа совладани од Barcelona со 3:1 на гостински терен. Досега постигнаа 12, а примија 13 гола. Во нападот најопасни се Rafa Mir и André Silva, кои имаат по четири погодоци, додека Valera има еден. Средниот ред е предводен од Mendoza, кој има еден гол, а Neto со две асистенции ја движи играта. На домашен терен се силни: во пет меча имаат три победи и две ремија, со гол-разлика 6:2.

Real Sociedad е на 14-то место со 12 освоени бода по 11 одиграни натпревари. Тимот на Sergio Francisco има три победи, три ремија и пет порази, а минатото коло славеше важна победа над Athletic Bilbao со 3:2 на домашен терен. Досега имаат постигнато 13, а примија 16 гола. Најефикасен во нападот е Oyarzabal со четири погодоци, додека Oskarsson, Guedes, Kubo и Barrenetxea имаат по еден. Средниот ред функционира добро преку Méndez со два гола, а Soler и Gorrotxategi имаат по еден. На гостувања одиграа пет меча, со две ремија и три порази, постигнувајќи четири и примајќи осум гола.

Elche e силен дома, иако е без победа четири кола. Предноста на домашен терен и цврстата дефанзива му даваат предност. Sociedad е непостојан и слаб на гости. Очекуваме тесен меч и поделба на бодови. 1:1

Girona

Alavés

Шпанија • La Liga 📅 08.11 🕐 14:00
💡 Тип:
2 (Победа на Alavés)

Girona е на последното, 20-то место со само 7 бода по 11 натпревари. Тимот на Míchel има една победа, четири ремија и шест порази. Минатото коло беа поразени од Getafe со 2:1 на домашен терен, продолжувајќи ја негативната серија. Досега постигнаа 10, а примија 24 гола. Во нападот најистакнат е Stuani со три гола, а Vanat има два. Средниот ред придонесува преку Ounahi со два гола, додека Roca и Witsel имаат по еден. Како домаќини одиграа шест меча, со биланс од една победа, две ремија и три порази, постигнувајќи шест и примајќи 13 гола.

Alavés е на 8-то место со 15 бода по 11 натпревари. Тимот на Eduardo Coudet има четири победи, три ремија и четири порази. Минатото коло забележаа триумф против Espanyol со 2:1 на домашен терен. Досега постигнаа 11, а примија 10 гола. Најефикасен е Vicente со три погодоци, додека Martínez и Boyé имаат по два. Средниот ред придонесува преку Guevara и Suárez со по еден гол, а Aleñá се истакнува со три асистенции. Како гости одиграа пет меча, со една победа, едно реми и три порази, постигнувајќи два и примајќи четири гола.

Girona e во слаба форма и прима многу голови. Alavés поконзистентен и цврст, иако не е ефикасен на гости. Очекуваме тесен меч и предност за гостите. 0:1

Sevilla

Osasuna

Шпанија • La Liga 📅 08.11 🕐 16:15
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)

Sevilla е на 13-та позиција со 13 бода по 11 натпревари. Тимот на Matías Almeyda има четири победи, едно реми и шест порази. Формата е во пад — три порази по ред, а минатото коло загубија од Atlético Madrid со 3:1 на гостински терен. Досега постигнаа 17, а примија 19 гола. Во нападот Romero е најефикасен со три гола, Sánchez и Adams имаат по два, а González и Peque по еден. Средниот ред се истакнува со Vargas (два гола), додека Sow, Gudelj и Agoumé имаат по еден. Дома имаат една победа, едно реми и три порази, со гол-разлика 9:10.

Osasuna е на 15-то место со 11 бода по 11 натпревари. Тимот на Alessio Lisci има три победи, две ремија и шест порази. Минатото коло ремизираа со Oviedo на гостински терен во натпревар без голови. Досега постигнаа 9, а примија 12 гола. Најефикасен е Budimir со четири погодоци, додека Muñoz, García и Benito имаат по еден. Средниот ред, предводен од Moncayola и Torró, е задолжен за креативност и контрола. На гости одиграа шест натпревари — без победа (едно реми, пет порази), постигнувајќи еден и примајќи седум гола.

Sevilla e во слаба форма, но поцврста дома; Osasuna има проблем со ефикасноста на гости. На последните четири меѓусебни дуели имало <3 гола — се очекува затворен меч. 1:1

Atlético Madrid

Levante

Шпанија • La Liga 📅 08.11 🕐 18:30
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Atlético & Atlético 2 или повеќе голови)

Atlético Madrid е на 4-та позиција со 22 бода по 11 натпревари. Тимот на Diego Simeone е одличен: шест победи, четири ремија и еден пораз. Девет меча се непоразени, а минатото коло ја совладаа Sevilla со 3:0 дома. Досега постигнаа 21, а примија 10 гола. Најефикасен е Álvarez со седум погодоци, додека Simeone, Almada, Griezmann и Sørloth имаат по два. Средниот ред предводен од Gallagher и Barrios придонесува со по еден погодок. Дома: пет победи и едно реми, гол-разлика 15:5. Во вторникот, во ЛШ, го надиграа Royale Union SG со 3:1 дома.

Levante е на 16-то место со 9 бода по 11 натпревари. Тимот на Julián Calero има две победи, три ремија и шест порази. Минатото коло беа поразени од Celta Vigo со 1:2 дома. Досега постигнаа 15, а примија 20 гола. Во нападот најистакнати се Etta (пет) и Romero (четири), додека Koyalipou и Morales имаат по еден. Интересно, на гости играат подобро: по шест меча имаат две победи, две ремија и два порази, постигнувајќи девет и примајќи шест гола.

Atlético доминира дома и е девет меча без пораз. Levante е подобар на гости, но тешко против силниот напад на домаќинот. Очекуваме убедлива победа за Атлетико. 3:0

Espanyol

Villarreal

Шпанија • La Liga 📅 08.11 🕐 21:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Espanyol е на 6-то место со 18 бода по 11 натпревари. Тимот на Manolo González има пет победи, три ремија и три порази. Минатото коло беа совладани од Alavés со 2:1 на гости. Досега постигнаа 15, а примија 13 гола. Најефикасен е Pere Milla со четири, а Puado, Fernández и García имаат по два. Во средината Lozano има еден, а Expósito е со три асистенции. Дома: шест меча — четири победи, реми и пораз; гол-разлика 10:7.

Villarreal е на 3-та позиција со 23 бода, два помалку од Barcelona. Тимот на Marcelino има седум победи, две ремија и два порази по 11 натпревари. Минатото коло го совладаа Rayo Vallecano со 4:0 дома. Досега постигнаа 22, а примија 10 гола. Во нападот Mikautadze, Moreno и Pepê имаат по два, а Solomon, Oluwaseyi и Pérez по еден. Средината е продуктивна: Buchanan (четири), Moleiro (три), и Comesaña и Gueye (по два). На гости: пет меча — две победи, реми и два порази (6:7). Во ЛШ минатата недела беа поразени од кипарскиот Pafos со 1:0 дома.

Espanyol e силен дома и опасен во напад. Villarreal во одлична форма со ефикасен среден ред. Очекуваме динамичен меч со многу шанси и голови. 1:2

Athletic Bilbao

Real Oviedo

Шпанија • La Liga 📅 09.11 🕐 14:00
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)

Athletic Bilbao е на 11-та позиција со 14 бода. По 11 меча има четири победи, две ремија и пет порази. Во последните шест меча има само една победа, а минатото коло беше совладан од Real Sociedad со 3:2 на гости. Имаат постигнато 11, а примено 13 гола. Тимот на Ernesto Valverde во напад се потпира на Sannadi, Guruzeta, Nico и Iñaki Williams (сите со по еден гол). Во средината Navarro има два, а Jauregizar и Sancet по еден. Дома: шест меча — три победи, реми и два порази (7:6). Во ЛШ беа поразени од Newcastle со 2:0 на гости.

Real Oviedo е на 19-то место со 7 бода и е во зоната на испаѓање. По 11 меча има две победи, две ремија и седум порази. По ремито со Girona, минатото коло повторно ремизираа со Osasuna (0:0). Постигнаа 7, а примија 19 гола. Тимот на Luis Carrión во напад се потпира на Rondón (два), додека Viñas има еден. Во средниот ред Dendoncker, Ilić и Reina имаат по еден. На гости: пет меча — победа, реми и три порази (5:9).

Bilbao e солиден дома, но со скромна ефикасност. Oviedo слаби на гости и тешко постигнува голови. Очекуван е тврд меч со малку шанси. 1:0

Rayo Vallecano

Real Madrid

Шпанија • La Liga 📅 09.11 🕐 16:15
💡 Тип:
2 & T2 2+ (Победа на Real & Real 2 или повеќе голови)

Rayo Vallecano е на 10-та позиција со 14 бода. По 11 меча има четири победи, две ремија и пет порази. Тимот имаше три последователни победи, а минатото коло беше совладан од Villarreal со 4:0 на гости. Постигна 12, а прими 14 гола. Тимот на Íñigo Pérez: најефикасен е De Frutos (четири), додека Pérez, Palazón и Alemao имаат по еден. Во средината García има три гола, а López две асистенции. Дома: четири меча — победа, две ремија и пораз (3:3).

Real Madrid е прв со 30 бода, пет повеќе од Barcelona. По 11 меча има 10 победи и еден пораз. Минатото коло ја совлада Valencia со 4:0 дома. Постигнаа 26, а примија 10 гола. Тимот на Xabi Alonso: Mbappé со 13 гола, Vinícius со пет и четири асистенции, Mastantuono со еден. Во средината Güler има три гола и четири асистенции, а Bellingham два. На гости: пет меча — четири победи и пораз (12:7). Во ЛШ беа надиграни од Liverpool и загубија 1:0 на гости.

Rayo e стабилен дома, но со скромна ефикасност. Real Madrid лидер и силен на гости. Разликата во квалитет е јасна — очекуваме контрола и најмалку два гола од гостите. 0:2

Mallorca

Getafe

Шпанија • La Liga 📅 09.11 🕐 18:30
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)

Mallorca е на 17-то место со 9 бода. По 11 меча има две победи, три ремија и шест порази. Минатото коло беа поразени од Betis со 3:0 на гости. Постигнаа 11, а примија 18 гола. Тимот на Jagoba Arrasate: Muriqi со пет гола, Joseph два, а Asano еден. Во средината Samu има еден гол, а Darder и Torre по една асистенција. Дома: пет меча — победа, три ремија и пораз (4:6).

Getafe е на 7-ма позиција со 17 бода. По 11 меча има пет победи, две ремија и четири порази. Минатото коло ја совлада Girona со 2:1 дома. Постигнаа 12, а примија 13 гола. Тимот на Bordalás: Mayoral со четири, Liso со три. Во средината Martín има два гола, Iglesias и Arambarri по еден, а Luis Milla блеска со шест асистенции. На гости: шест меча — три победи и три порази (6:9).

Mallorca e во слаба форма и со само една домашна победа. Getafe во подем со три гостински победи. Очекуваме израмнет меч со малку голови. 0:1

Valencia

Betis

Шпанија • La Liga 📅 09.11 🕐 18:30
💡 Тип:
2 (Победа на Betis)

Valencia е на 18-то место со 9 бода и е во зоната на испаѓање. По 11 меча има две победи, три ремија и шест порази. Во последните шест меча нема победа; минатото коло беа убедливо совладани од Real Madrid со 4:0 на гости. Постигнаа 10, а примија 20 гола. Тимот на Carlos Corberán: Danjuma и Duro со по три гола, López со два. Во средината Santamaría има еден гол, а Guerra две асистенции. Дома: пет меча — две победи, реми и два порази (7:5).

Betis е на 5-то место со 19 бода. По 11 меча: пет победи, четири ремија и два порази. Минатото коло ја совлада Mallorca со 3:0 дома. Постигнаа 18, а примија 12 гола. Тимот на Manuel Pellegrini: Cucho и Antony со по четири гола, Ez Abde со три, Ruibal и Bakambu по еден. Во средината Fornals има два гола и четири асистенции, а Lo Celso е со гол и две асистенции. На гости: пет меча — победа и четири ремија (8:7).

Valencia е во криза без победа шест кола, иако дома е солидна. Betis во подобра форма и непоразен на гости. Очекуваме тесен гостински триумф. 0:1

Celta Vigo

Barcelona

Шпанија • La Liga 📅 09.11 🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Barcelona)

Celta Vigo е на 12-то место со 13 бода. По 11 меча има две победи, седум ремија и два порази. Непоразни се четири меча; минатото коло го совладаа Levante со 1:2 на гости. Постигнаа 13, а примија 14 гола. Тимот на Claudio Giráldez: Borja Iglesias со четири гола, Jutglà и Durán со по два. Во средината Roman има еден гол. Дома: шест меча — пет ремија и пораз (5:7).

Barcelona е на 2-ро место со 25 бода, пет помалку од Real Madrid. По 11 меча има осум победи, реми и два порази. По поразот од Real Madrid, минатото коло ја совлада Elche со 3:1 дома. Постигнаа 28, а примија 13 гола. Тимот на Hansi Flick: Torres со пет, Lewandowski со четири, Raphinha и Lamine Yamal со по три. Во средината Fermín López има три, а Pedri два. На гости: шест меча — три победи, реми и два порази (12:10). Во ЛШ ремизираа со Club Brugge 3:3 на гости.

Celta е тврда дома со пет ремија од шест меча и скромна ефикасност. Barcelona посилна по квалитет и напад, иако варира на гости. Очекуваме победа на гостите. 1:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)