Шпанија Лалига Прогнози

21-24 ноември 2025

Valencia

Levante

Шпанија • La Liga 📅 21.11 🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Valencia влегува во мечот од 17-то место со 10 бодови и јасно изразени проблеми со формата. На домашен терен формата им е променлива, знаат да одиграат организирано и борбено како против Ath Bilbao и Getafe, но исто така губат ритам во дуели со посилни офанзивни тимови како Villarreal. Нападот зависи најмногу од Danjuma и Hugo Duro, кои имаат по 3 гола и ја носат главната закана, додека Lopez и Rioja додаваат динамика од втор план. И покрај тоа, реализацијата често им паѓа во критични моменти. Дефанзивната линија и понатаму знае да прави грешки во позиционирањето. Сепак, дома Valencia е поконкурентна, со повисок интензитет и подобар баланс.

Levante влегува во натпреварот од 19-то место со 9 бодови, но тимот поседува офанзивна искра благодарение на Eyong, кој со 6 голови и 3 асистенции е најопасниот играч и клучен во трансформацијата од одбрана во напад. Romero со 4 гола ја надополнува офанзивната сила, додека Carlos Alvarez и Toljan придонесуваат со стабилност и ширина. Гостинската форма е променлива, имаат победа против Oviedo и реми со Mallorca, но и пораз од Atl. Madrid и падови во концентрацијата против тимови со брз напад. Тимот знае да се брани компактно и да чека транзиции. Иако создаваат солидни шанси, одбраната не е доволно стабилна за да издржи силен пресинг.

Valencia дома е поцврста и има подобар ритам отколку на гости, додека Levante е поопасен во брзи транзиции, но нестабилен дефанзивно. Двете екипи имаат слабости во одбраната, па натпреварот има потенцијал за голови од двете страни. 2:1

Alaves

Celta Vigo

Шпанија • La Liga 📅 22.11 🕐 14:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Alaves го дочекува овој натпревар од 10-то место со 15 бодови, покажувајќи солидна стабилност и постепено подобрување на домашен терен. Домашната форма им е позитивна, победи против Espanyol и Elche, реми против Valencia и само еден послаб настап против Sevilla. Тимот игра организирано, со балансиран пристап и стабилна дефанзива. Во офанзивниот дел најмногу се истакнуваат Vicente со 3 гола и Martinez и Boye со по 2 гола, кои носат разновидност и конкретност во нападот. Alaves дома игра со поголема сигурност, подобра контрола на средината и ја користи компактноста за да го диктира темпото, што ги прави опасни на свој терен.

Celta Vigo влегува во мечот од 13-та позиција со 13 бодови, но гостинската форма им е исклучително добра, каде имаат 4 последователни победи. На гости остварија важни победи против Dinamo Zagreb во Европа лигата, а во лигата победи против Elche и Osasuna, што покажува дека во транзиција и под притисок функционираат подобро. Во нападот најопасни се Iglesias со 5 гола и 2 асистенции, како и Jutgla и Duran со по 2 гола. Mingueza и Rueda имаат значаен удел во креирањето шанси. На гости играат поофанзивно, со висок ритам и брз пресинг, но знаат да остават празнини во дефанзивата, што ги прави ранливи против екипи со брза комбинација во последната третина.

Двете екипи имаат офанзивни квалитети, но и моменти на нестабилност во одбрана, што сугерира натпревар со голови. 2:1

Barcelona

Ath Bilbao

Шпанија • La Liga 📅 22.11 🕐 16:15
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Barcelona to Win & Barcelona 2 или повеќе голови)

Barcelona е на 2-то место со 28 бодови и импресивна офанзивна статистика, постигнувајќи 32 гола во 12 кола. Домашната форма им е одлична, со убедливи победи против Elche, Olympiacos, Real Sociedad и Valencia, каде покажуваат високо темпо, агресивен пресинг и силна реализација. Во нападот најистакнати се Lewandowski со 7 гола, Torres со 5 и Lamine Yamal со 4 гола, кои со својата брзина и завршница создаваат постојан притисок. Lopez и Raphinha додаваат ширина и креативност, додека Pedri и Araujo ја стабилизираат играта низ средниот ред и одбраната. Barcelona дома игра со висока линија, доминира во посед и без проблем го контролира ритамот, и ретко дозволува да им се спротивстават со континуиран притисок.

Athletic Bilbao пристигнува од 7-то место со 17 бодови, но гостинската форма е значително послаба од домашната, а последните гостувања носат серија негативни резултати. Тимот има порази од Real Sociedad, Valencia и Villarreal, а единствено реми против Elche покажува дека на гостински терен тешко го одржуваат интензитетот. Во офанзивниот дел Williams и Navarro со по 2 гола се најконкретните играчи, додека Guruzeta, Jauregizar, Paredes, Rega и Sancet придонесуваат со индивидуални моменти, но недоволно за поголема закана. Одбраната на гости често попушта под висок пресинг, а тимот се мачи со брзи комбинации и додавања.

Barcelona доминира на домашен терен и има силна офанзивна форма, додека Athletic Bilbao е проблематичен на гости и прима лесни голови под притисок. 3:1

Osasuna

Real Sociedad

Шпанија • La Liga 📅 22.11 🕐 18:30
💡 Тип:
X2 (Real Sociedad да не загуби)

Osasuna е на 16-то место на табелата со 11 бодови, играат во променлива форма со недоволно ефективна игра во завршницата. На домашен терен тимот покажува солидна форма со победи над Valencia, Rayo Vallecano и Getafe, реми со Elche и пораз од Celta Vigo. Ова сугерира дека Osasuna најчесто влегува мотивирано дома, но стабилноста им недостигa, особено во одбраната. Budimir е најофанзивниот играч со 4 гола, додека Catena, Munoz, Benito, Bretones и Garcia придонесуваат со по 1 гол. Тимот се потпира на високи топки, агресивни дуели, но проблемите во транзиција наназад често ги чинат бодови.

Real Sociedad влегува во дуелот од 14. позиција со 13 бодови, иако впечатокот е дека тимот игра подобро од тоа што го покажува табелата. Како гости се во нешто послаба форма, каде ремизираа на последните два меча со Elche и Celta Vigo. На терен тимот е технички супериорен, организиран и со јасна идеја во градење на нападите, но неретко страдаат во одбранбената фаза. Oyarzabal е најпродуктивен стрелец со 5 гола, а зад него следат Mendez и Barrenechea со по два гола. Тимот создава многу преку крилата, каде што Kubo и Guedes носат динамика, додека позиционата игра им обезбедува контрола во поголем дел од натпреварите.

Osasuna дома игра храбро, но нестабилно, додека Real Sociedad е поквалитетен во организација и напад. 1:2

Villarreal

Mallorca

Шпанија • La Liga 📅 22.11 🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на Villarreal)

Villarreal влегува во овој натпревар од 3-тото место со 26 бодови, што јасно ја покажува стабилноста и силниот натпреварувачки ритам кој го држат во Ла Лига. Тимот е офанзивно разновиден, со играчи како Moleiro и Buchanan, кои со по 4 гола го водат нападот, додека Moreno и Comesana додаваат континуитет и рамнотежа. На домашен терен Villarreal е исклучително убедлив, одржуваат висок интензитет и покажуваат зрелост во контролата на темпото. Победите над Rayo Vallecano, Osasuna и Girona се доказ за тоа дека дома играат со сигурност и јасно дефиниран офанзивен план. Одбраната исто така изгледа стабилно, со минимален број примени голови во домашните средби.

Mallorca пристигнува од 15-то место со 12 бодови и генерално нестабилна форма која често се префрла од добри индивидуални моменти во колективни падови. Во напад предничи Muriqi со 6 гола, додека Joseph и Asano даваат поддршка, но недоволно за да ја подигнат ефикасноста на тимот. Проблемот е што Mallorca многу тешко создава чисти шанси, а дефанзивно често губи концентрација. На гостински терен тимот има сериозни проблеми, каде имаат само една победа и 5 порази по шест одиграни меча. Иако понекогаш знаат да бидат опасни во транзиција, неретко паѓаат физички во вториот дел и примаат голови во клучни моменти.

Villarreal изгледа далеку поквалитетно во сите линии, а дома играат со висока реализација. Mallorca има сериозни потешкотии на гости и тешко се спротивставува на офанзивен тим со висок ритам. 3:0

Oviedo

Rayo Vallecano

Шпанија • La Liga 📅 23.11 🕐 14:00
💡 Тип:
Х2 & 0-3 (Rayo да не загуби & помалку од 4 гола)

Oviedo влегува во овој натпревар од последната 20-та позиција со само 8 освоени бодови. Тимот има огромни потешкотии со реализацијата и многу често се потпира на индивидуални моменти од играчи како Rondon, Carmo и Dendoncker, кои и покрај борбеноста не успеваат да ја кренат ефикасноста на повисоко ниво. После 12 одиграни меча имаат постигнато само 7 гола. На домашен терен формата е значително слаба, дури четири порази во шест натпревари, едно реми и една победа. Одбраната исто така претрпува притисок, со многу изгубени дуели. Иако тимот има моменти кога игра дисциплинирано, тешко создава шанси и уште потешко постигнува голови, што е клучен проблем во вакви натпревари.

Rayo Vallecano пристигнува од 12-то место со 15 бодови и далеку подобра динамика во нападот, предводена од играчи како De Frutos, Garcia и Palazon, кои редовно создаваат шанси и носат закана по противничката одбрана. Тимот е многу поорганизиран и физички поагресивен, со јасна структура кога го гради нападот. Формата на гостински терен е нестабилна, имаат комбинирани резултати со неколку високи порази. Rayo често држи добар пресинг и ефикасно ја користи брзината во транзиција, што дополнително им дава предност против одбрани како онаа на Oviedo, која тешко реагира на вертикални напади. Одбранбено имаат осцилации, но сепак изгледаат постабилно од домаќинот.

Rayo Vallecano делува поквалитетно, поофанзивно и со далеку подобра игра во транзиција, додека Oviedo продолжува да се мачи и на резултати и на игра. Според индивидуален квалитет и форма, предност за победа им даваме на гостите. 0:1

Betis

Girona

Шпанија • La Liga 📅 23.11 🕐 16:15
💡 Тип:
1 (Победа на Betis)

Betis влегува во овој дуел од високата 5-та позиција со 20 бодови, играат во добра форма, особено на домашен терен. Тимот има силна офанзива, предводена од Cucho Hernandez, Antony и Ezzalzouli, кои заедно носат брзина и придонесуваат во офанзивата. Betis дома игра многу поагресивно, со четири победи на шест одиграни натпревари и два пораза. Контролираат темпо, а средниот ред со Fornals и Lo Celso обезбедува креативност и врска меѓу линиите. Одбраната не е совршена, но тимот генерално има стабилност и добро се адаптира на притисок. Истовремено, Betis знае да го зголеми интензитетот кога игра на свој терен, а брзите комбинирани акции често им носат рана предност.

Girona пристигнува на овој меч од 18-тото место со 10 бодови и во многу слаба форма, особено на гостински терен каде сè уште немаат победа, односно две ремија и три порази на пет натпревари. Тимот има проблеми со компактноста во одбраната, прима лесни голови во клучни моменти, а изразениот пад на самодоверба ја прави ситуацијата уште потешка. Во нападот се потпираат на Stuani, Ounahi и Tsygankov, но недостасува конзистентност и квалитетни завршници. На гости играат значително подефанзивно, што често ги принудува да бранат долго без можност за контранапади. Средниот ред губи многу дуели и лесно се пробива, а офанзивната транзиција е бавна и предвидлива.

Betis е во многу подобра форма, особено на домашен терен, додека Girona доаѓа со нестабилност и слабости во сите линии. 2:0

Getafe

Atl. Madrid

Шпанија • La Liga 📅 23.11 🕐 18:30
💡 Тип:
1 (Победа на Atl. Madrid)

Getafe влегува во натпреварот од 8-мата позиција со 17 бодови и гол-разлика 12:14. Тимот игра цврсто, но во променлива форма. Во последните мечеви дома се солидни, победа над Girona и Ath Bilbao и тесен пораз од Mallorca. Нападот се потпира на Mayoral, Liso и Martin, кои комбинирано носат најголем дел од головите. Иако Getafe создава ограничен број шанси, тимот често се потпира на физичка игра, високи топки и транзиција. Проблем е конзистентноста, кога ќе примат гол, тешко се враќаат во ритам, а средниот ред некогаш губи контрола против технички посилни тимови.

Atletico Madrid пристигнува од 4-тото место со 25 бодови и гол-разлика 24:11, и се една од најстабилните одбрани во лигата. Тимот на Simeone изгледа далеку поорганизиран и поцврст од домаќинот, со офанзивна сила предводена од Alvarez, кој има постигнато 7 гола, а Griezmann и Simeone по 4 гола. Во лигата немаат пораз 8 меча, од кои шест победи. Во последните мечеви на гостински терен не се на високо ниво, но играта останува структурирана, со многу висок пресинг и брз премин во напад. Одбранбено изгледаат стабилно, дозволуваат малку шанси, а индивидуалниот квалитет во нападот е значително поголем од оној на Getafe.

Atl. Madrid има нестабилни резултати на гостински терен, сепак разликата во квалитет, офанзивна конкретност и динамика е голема. 1:2

Elche

Real Madrid

Шпанија • La Liga 📅 23.11 🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на Atl. Madrid)

Elche влегува во овој натпревар од 11-тата позиција со 15 бодови и балансирана гол-разлика 13:14, што покажува умерена ефикасност, но и ранливост во одбраната. Тимот игра солидно на домашен терен, три победи и три нерешени на шест натпревари. Играчите како Mir, Silva и Rodriguez се главните носители на нападот, но продуктивноста и понатаму варира. Иако ги избегнуваат поразите дома, Elche често има проблем со контролата на ритам и претрпува притисок во средниот ред, што против екипи со висок интензитет како Real Madrid може да стане клучна слабост.

Real Madrid е лидер на табелата со 31 бод, гол-разлика 26:10 и играат во импресивна форма иако тимот имаше тежок распоред во последните недели. На гостински терен после шест одиграни натпревари имаат 4 победи, реми и пораз, а во најголем број натпревари ја контролираат играта преку доминација во средниот ред и силни индивидуални решенија. Mbappe со 13 гола продолжува да биде најголемата офанзивна закана, Vinicius додава брзина и непредвидливост, а Guler и Bellingham носат креативност од втора линија. Real делува стабилно, иако понекогаш знае да падне во интензитет, особено по тешки европски натпревари. Сепак, квалитетот и длабочината на тимот им овозможуваат да ги решаваат натпреварите дури и кога не се на максимум.

Elche дома е стабилен, но против тим со брзина и транзиција како Real Madrid ќе има сериозни проблеми. Разликата во индивидуален квалитет, реализација и динамика е огромна. 0:2

Espanyol

Sevilla

Шпанија • La Liga 📅 24.11 🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Espanyol влегува во овој дуел од 6-тата позиција со 18 бодови, но формата во последните недели значително им падна. Тимот има два порази во последните две кола и видлива е нестабилност во дефанзивната игра. На домашен терен играат поофанзивно, но многу често примаат лесни голови поради лоша транзиција и губење дуели во средниот ред. Нападот се потпира на Milla, Fernandez и Romero, кои се способни да создадат шанси, но реализацијата осцилира. На домашен терен сепак имаат неколку квалитетни партии, победувајќи ги Elche, Mallorca и Atl. Madrid, што покажува дека дома се поопасни и подисциплинирани.

Sevilla во овој меч пристигнува со 16 бодови, позиционирани на 9-тото место, а впечатокот е дека играат далеку подобро отколку што покажуваат резултатите. Тимот игра во променлива форма, победа над Osasuna и Barcelona, но и порази против Atletico, Real Sociedad и Mallorca. На гостински терен се непредвидливи, имаат три победнички изданија, но и два убедливи порази, каде дефанзивата делуваше лесно пробиена. Сепак, имаат индивидуален квалитет и поголема разновидност во нападот преку Vargas, Romero и Adams, кои често создаваат шанси за гол.

Sevilla делува поагресивно во средниот ред, со подобар пресинг, Espanyol пак ќе се обиде да го контролира ритамот преку посед, но нивната одбрана под притисок прави многу грешки. 2:1

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)