Лига Европа прогнози

06 ноември 2025

Sturm Graz

Nottingham

Европа • Europa League
📅 06.11
🕐 18:45
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Sturm Graz е на 27-то место во групата по три одиграни натпревари. Има два пораза и една победа и мора да реагира ако сака да остане во трка за следната фаза. Во првото коло беа поразени од Midtjylland со 2:0 на гостински терен, потоа ги совладаа Rangers со 2:1 на домашен терен, а во минатото коло повторно беа поразени од Celtic со 2:1. Формата е променлива, со два последователни порази во лигата, каде што се наоѓаат на 4-то место. Тимот знае да биде офанзивно расположен, но има сериозни проблеми во дефанзивата, на ова натпреварување имаат постигнато три, а примено пет голови. На домашен терен играат офанзивно. Тимот го води Peter Stoger, а во нападот се потпираат на Wurmbrand, Antiste и Radulovic, додека во средниот ред се Seidl и Amane.Nottingham е на 17-то место со четири освоени бода досега. По три одиграни натпревари имаат едно реми, еден пораз и една победа, со шест постигнати и пет примени голови. Во првото коло ремизираа со Betis на гостински терен со 2:2, потоа беа совладани од Midtjylland во ефикасен натпревар со 2:3, а во минатото коло ја забележаа првата победа над FC Porto, кои ги совладаа со 2:0 на домашен терен. Оваа победа е значајна за подигање на моралот. Во Премиер лигата играат во исклучително слаба форма и се наоѓаат на 19-тата позиција, со само една победа по 10 одиграни меча, односно без победа уште од првото коло. Тимот го води Sean Dyche и мора да ја подобри дефанзивата и да ја избалансира играта доколку сака подобри резултати. Големиот број повредени играчи со кои се соочува тимот влијае на формата.

Sturm ќе се потпре на домашната публика и ќе бара иницијатива, додека Nottingham ќе се обиде да го контролира темпото и да ги искористи грешките во одбраната. Двата тима имаат пропусти во дефанзивата, па се очекува натпревар со повеќе шанси и голови на двете страни. 2:2

Aston Villa

Maccabi Tel Aviv

Европа • Europa League
📅 06.11
🕐 21:00
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Villa to Win & Villa 2 или повеќе голови)

Aston Villa има стабилна сезона во сите конкуренции и е меѓу фаворитите во оваа група. Тимот на Unai Emery покажува јасен идентитет со високо темпо и контрола на поседот. Во Премиерлигата има четири победи на последните шест меча, а на домашен терен делува доминантно, со сигурна реализација и компактна одбрана. На ова натпреварување забележа две победи и еден пораз, со гол-разлика 4:2. Во првото коло ја совлада Bologna со 1:0, а потоа и Feyenoord на гостински терен со 0:2. Во минатото коло беа поразени од G.A. Eagles на гостински терен со 2:1. Имаат повредени играчи, но тимот располага со доволна длабочина. Villa игра сигурно пред својата публика и има способност брзо да го реши натпреварот преку интензивен притисок во првите дваесет минути.Maccabi Tel Aviv е без победа по три кола и се наоѓа на 32-то место во групата. Тимот на Zarko Lazetic има проблеми со реализацијата и со дефанзивната стабилност, примајќи шест гола во групната фаза, а постигнувајќи само еден. Во домашното првенство резултатите се подобри, но на европска сцена тимот се мачи против противници со висок интензитет. Maccabi се потпира на искуството на Nicolaescu и Peretz, како и на транзициите преку Shahar. На гостински терен е ограничен во создавање шанси и често губи компактност во средината. Проблемите со Belic и Lederman дополнително влијаат на стабилноста. Фокусот ќе биде на затворање на просторите и обид за брзи контри, но разликата во квалитет е очигледна.

Aston Villa ќе има тотална иницијатива и ќе ја контролира играта од првата минута, додека Maccabi ќе се обиде да го избегне висок пораз преку дефанзивен блок. 3:0

Betis

Lyon

Европа • Europa League
📅 06.11
🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ(Двата тима да постигнат гол)

Betis ја подигна својата форма и е непоразен во Лигата на Европа оваа сезона. Тимот на Manuel Pellegrini покажува стабилност и рамнотежа меѓу дефанзивната сигурност и офанзивниот интензитет. Во првото коло ремизираа со Nottingham, потоа го совладаа Ludogorets, а во минатото коло повторно ремизираа со Genk на гостински терен, во натпревар без голови. Во последните 11 натпревари имаат само еден пораз, односно шест победи, вклучувајќи ги сите натпреварувања. Betis најмногу се потпира на техничката игра во средината преку Gomez и Natan, а во нападот на Antony и Cucho. Дома е постојано опасен, со контролирано темпо и брзи премини во напад. Одбраната е дисциплинирана. Повредите на Firpo и Isco влијаат на играта, но тимот има доволна длабочина за да ја задржи стабилноста.Lyon влезе во серија добри резултати, со четири последователни меча без пораз, што ја врати самодовербата по слабиот старт. Тимот на Paulo Fonseca игра офанзивно, со голем број креирани шанси и креативност во средината. Во групата се наоѓа на 3-то место со максимални девет бода и гол-разлика 5:0, што ја потврдува одличната дефанзивна линија. Младите Merah и Molebe внесуваат свежина и динамика, а Moreira и Satriano ја одржуваат константноста во нападот. Повредите на Fofana и Tolisso се маргинални, бидејќи Lyon има функционален баланс и добро менаџирање на темпото на игра. На трите одиграни меча досега ги совладаа Utrecht, Salzburg и Basel. Во лигата играат во променлива форма и се наоѓаат на 6-тата позиција.

Betis ќе се обиде да го задржи поседот и да доминира на средината, додека Lyon ќе се потпре на брзи транзиции и користење на празниот простор позади линијата. Се очекува динамичен меч со многу шанси и висок интензитет. 2:1

Rangers

AS Roma

Европа • Europa League
📅 06.11
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на AS Roma)

Rangers влегува во натпреварот без освоен бод по три одиграни кола и мора да започне да освојува бодови за да остане во игра за нокаут-фазата. Тимот на Danny Rohl има нестабилни резултати на европска сцена, но во лигата има три победи и две ремија во последните пет меча. Одбраната често прави грешки под притисок, особено при центаршутови, што се покажа и во поразите од Genk, Sturm Graz и Brann. Во нападот, тимот се потпира на Danilo и Miovski, додека повредите на Sterling и Dowell го ограничуваат изборот. Сепак, Rangers традиционално игра агресивно на домашен терен, со висок интензитет и поддршка од трибините. За позитивен резултат, ќе мора да биде поефикасен во последната третина и да го намали бројот на изгубени топки.AS Roma има слаб старт на европска сцена, со три бода по три одиграни меча, една победа и два порази во групата. Во првото коло го совладаа Nice на гостински терен со 1:2, а потоа следуваа порази од Lille и Plzen. Тимот на Gian Piero Gasperini има проблеми со конзистентноста, но покажува напредок во играта во последните недели. Во лигата се наоѓа на 4-тата позиција, а по две последователни победи, викендов повторно беа поразени од AC Milan. На средината на теренот Cristante и Pellegrini ја контролираат динамиката на играта. Roma има солидна транзиција и опасен напад преку Dovbyk и Soule, но одбраната често попушта при брзи напади. Тимот ќе бара контрола преку посед и постепено градење на акциите.

Rangers ќе прави притисок од самиот старт, но Roma има повеќе индивидуален квалитет и искуство за да го смири темпото и да ја чека својата шанса. Се очекува победа на гостинскиот тим. 1:2

Stuttgart

Feyenoord

Европа • Europa League
📅 06.11
🕐 21:00
💡 Тип:
3+ (3 или поеќе голови)

Stuttgart во Лига Европа не започна според очекувањата и после три одиграни меча имаат една победа и два порази и се наоѓаат на 29-то место. Во првото коло го совладаа Celta Vigo на домашен терен со 2:1, а потоа беа совладани од Basel и Fenerbahce. На домашен терен игра со високо темпо и офанзивна поставеност, но често остава простор позади одбраната, што противниците знаат да го искористат. Во лигата имаа 4ри последувателни победи, а викендов беа поразени од RB Leipzig на гостински терен со 3:1. Тимот го води Sebastian Hoeness. Повредите на Silas и Demirovic влијаат на офанзивната сила, но младите играчи носат свежина. Stuttgart ќе се потпре на домашниот импулс и на високиот пресинг како клучно оружје.Feyenoord пристигнува во Германија во добра форма, со 4ри победи на последните 5 натпревари и офанзивен идентитет кој носи резултати. Тимот на Robin van Persie игра динамично, со флуидност во нападот и добро темпо во средината. Најголемите закани се кријат во брзите трансформации преку Ueda и Hadj, додека Targhalline и Valente ја држат рамнотежата во централниот дел. Во Лигата на Европа Feyenoord има три бода, со една победа и два порази. Во првите две кола беа совладани од Braga и Aston Villa, а минатото коло го совладаа Panathinaikos со 3:1 на домашен терен. Во лигата се одлични и го делат првото место со PSV.

Се очекува динамичен натпревар со висок интензитет, каде Stuttgart ќе притиска со целосен напаѓачки пристап, а Feyenoord ќе ја бара шансата преку контри. Обата тима создаваат многу шанси, па головите изгледаат неизбежни. 2:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)