Лига Европа прогнози
AS Roma
–
Midtjylland
AS Roma влегува во овој дуел со серија стабилни настапи и силно изразена офанзивна структура, иако нивната форма дома во Европа лигата е разочарувачка и не го одразува квалитетот што го покажуваат во домашното првенство. Тимот под водство на Pellegrini, Dybala и Mancini игра со висок интензитет, создавајќи голем број шанси преку комбинирана игра во средината и брзи влезови по крилата. Победите над Udinese и Cremonese, и победата над Rangers во последното коло од ова напреварување ја одржуваат моралната стабилност, а дефанзивниот сегмент, иако солиден, понекогаш попушта во транзиција. Сепак, Roma има напаѓачки арсенал кој можe да го реши натпреварот во краток период.
Midtjylland е еден од најконзистентните тимови во својата група, со максимални 12 бодови и игра што постојано се темели на динамика, дисциплина и брза вертикална транзиција. Gluda Dju., Diao и Erlic се двигатели на тимот, придонесувајќи со голови и поседувајќи способност да создадат опасност од секоја шанса. Победите над Celtic и Nottingham ја покажуваат тактичката подготвеност на овој состав. Иако понекогаш имаат проблем со завршните додавања, нивната компактност и брзината во напад ги прават конкурентни против секој ривал.
Feyenoord
–
Celtic
Feyenoord влегува во натпреварот со пад на формата и серија порази кои ја намалуваат самодовербата на тимот. Четирите порази во последните пет натпревари откриваат нестабилност во одбраната, но и проблеми со завршницата во нападот. Екипата често дозволува притисок, лесно прима голови и тешко креира постојан офанзивен ритам. Единствената победа во овој период над FC Volendam не е доволна да го промени впечатокот. И покрај индивидуалниот квалитет на играчи како Larin и Read, колективната игра не функционира на ниво што би донело сигурни бодови. Притисокот е голем затоа што играат на домашен терен, а резултатите не оставаат простор за нов кикс.
Celtic влегува во натпреварот со значително подобра форма. Тимот покажува стабилност во домашниот шампионат, со победи над St. Mirren и Kilmarnock кои ја потврдуваат нивната офанзивна сила и организираност. Играчите како Nygren, Hatate и Iheanacho се во добра форма и ја носат потребната креативност и завршница. Иако Celtic има одредени проблеми на ова натпреварување, како поразите од Midtjylland и од Braga, сепак делува тактички подобро, побалансирано и поцврсто во сите линии. Брзата транзиција, дисциплината во одбрана и подобрата форма се јасни предности пред овој натпревар.
Plzen
–
Freiburg
Plzen игра со променлива форма во последниот период, но сепак покажа дека на домашен терен знае да биде цврст и непријатен ривал. Во последното коло од лигата ремизираа со Jablonec, а на ова натпреварување ремизираа без голови со Fenerbahce, што покажува дека знае да се брани, но и дека понекогаш му недостасува креативност во нападот. Беа поразени од Slavia Prague со 3:5, што ја открива ранливоста во дефанзивата при брзи транзициски ситуации. Нападот предводен од Durosinmi и поддржан од Vydra може да создаде шанси, но неретко зависи од индивидуални решенија. Тимот покажува волја и борбеност, но недостасува стабилност во дефанзивата. Сепак, домашниот терен и публиката често му носат енергија и подобра реализација.
Freiburg доаѓа во солидна форма ако не го земеме во предвид тешкиот пораз од Bayern Munich во последнот коло од Бундеслигата, што повеќе изгледа како изолиран случај против доминантен ривал. Победите над St. Pauli и Nice ја вратија самодовербата, а ремито со Union Berlin покажува дека тимот знае да остане стабилен и кога не игра на посакуваното ниво. Напаѓачката линија со Grifo, Suzuki и Adamu е продуктивна, особено во ситуации кога Freiburg може брзо да ја пренесе топката кон последната третина. На гостински терен на ова натпреварување има победа и реми, што говори дека знае да се адаптира и да одигра добро под притисок. Играат дисциплиниран фудбал со силен интензитет и добри преоди меѓу линиите, што може да биде клучно против нестабилната одбрана на Plzen.
Crvena zvezda
–
FCSB
Crvena zvezda во последниот период покажува солидна форма, особено во европските натпревари, каде што успеа да победи против Lille и да остане конкурентна во групата. Иако поразот од Javor последното коло е изненадување, тимот генерално игра стабилно дома и покажува офанзивна моќ преку играчи како Arnautovic и Kostov, кои редовно се закануваат кон противничките голови. Домашниот терен често носи дополнителна енергија и мотивација, а дефанзивната линија делува поконцентрирано пред своја публика. Формата од последните натпревари укажува дека тимот ја пронашол вистинската рамнотежа и има јасна цел, да остане во трка за нокаут фазата.
FCSB влегува во овој дуел со нешто понестабилни резултати, особено на ова натпреварување, каде што поразите од Basel, Bologna и Young Boys ја разнишаа самодовербата на тимот. Иако тие имаат талентирани поединци како Birligea и Miculescu, тимот често има проблем со конзистентност и завршница. Во гостинските натпревари FCSB знае да пропушти резултати поради нестабилна одбрана и падови во концентрацијата. Последните натпревари покажуваат борбеност, но и недостаток на сигурност против поцврсти противници. Во ова гостување мора да променат нешто во играта за да останат конкурентни.
G.A. Eagles
–
Stuttgart
G.A. Eagles влегуваат во овој дуел со нестабилна форма и слаби резултати последните кола. Тимот на моменти игра храбро, како против Feyenoord каде што успеа да победи, но на останатите натпревари со слабо темпо и прима лесни голови, и имаат три порази на послените 4ри меча, мегу кои и порзот од Salzburg. Нападот им функционира солидно, со играчи како Smit и Deijl, но дефанзивната линија е најслабата алка, пречесто дозволува простор и пропусти кои ги користат физички посилни противници. На домашен терен тимот знае да покаже енергија, но статистиката вели дека и таму се непостојани. Притисокот е голем бидејќи секој бод им е важен како би оствариле место во следната фаза од ова натпреварување.
Stuttgart доаѓа во значително подобра состојба и со повеќе самодоверба. Тимот игра напаѓачки ориентиран фудбал, брз и директен, а најсилен сегмент им е трансформацијата од одбрана во напад. Реми против Dortmund и победите над Augsburg и Feyenoord на ова натпреварување го нагласуваат нивниот моментален подем. Играчи како El Khannouss, Bouanani и Undav носат конкретност, го забрзуваат протокот на игра и креираат многу шанси. Одбраната понекогаш делува ранливо на гостувања, но генерално се држи цврсто кога треба да го задржи резултатот. На гости досега имаат солидна ефикасност, што им дава дополнителен плус пред меч како овој.
Rangers
–
Braga
Rangers ја подобрија својата игра во лигата, но формата на ова натпреварување им е слаба и нестабилна. Победите над Livingston и Dundee FC покажуваат дека тимот знае да притисне кога треба, но четирите порази на исто толку одиграни меча на ова натпреварување ја откриваат ранливоста во одбраната, особено под висок интензитет. Gassama и Raskin се меѓу ретките што даваат офанзивен импулс, но создавањето шанси им е проблем во поголемиот дел од натпреварите. Кога Rangers игра дома, знаат да влезат во ритам со поддршката од трибините, но статистички гледано, европските настапи им се далеку послаби од домашното првенство.
Braga доаѓа со далеку подобра форма и самодоверба, особено поради ефикасните настапи во домашните натпреварувања. Победите над Nacional и Moreirense сведочат за тим кој напаѓа со брзина и динамика. Navarro, Zalazar и Horta имаат конзистентен придонес во офанзивата, а транзицијата им е една од најсилните оружја. Иако Braga знае да прими гол, нивната моќ да возвратат уште посилно е она што им носи резултати. Дури и на ова натпреварување имаат солидна издржливост и поголема разновидност во играта во споредба со Rangers. Како гостин, Braga покажува зрелост и стабилност, што ја става екипата во позиција на фаворит во овој дуел.










