
Лига на шампиони прогнози
Pafos –
Villarreal
Pafos во последниот период е во променлива форма, но и натаму е непредвидлив тим, на домашен терен знае да биде експлозивен, а на гости често паѓа во интензитет по првиот примен гол. Во последните пет мечеви има само една победа, што ја покажува моменталната нестабилност во транзицијата. Тимот игра со нагласен притисок преку страничните бекови, но центарот често останува изложен. Иако создаваат многу шанси на домашен терен, завршницата често изостанува. Мораат да најдат подобар баланс во играта ако сакаат позитивен резултат против далеку поискусен ривал. После три одиграни натпревари двапати ремизирале и еднаш се поразени, а на овие три меча постигнале еден, а примиле 5 гола. Во лигата се на 4тата позиција и остануваат и оваа сезона фаворити за титула.
Villarreal доаѓа во Кипар после три убедливи победи на домашна сцена. Тимот на Marcelino конечно проработи во напад, со брзи ротирања во офанзивата. Играат одлично, доминираат во посед и играат со смиреност дури и кога се под притисок. Офанзивната тројка Mikautadze, Moreno и Pepe е разиграна, а на средината на теренот имаат поддршка од Moleiro и Buchanan. Иако во одбрана знаат да се отвораат, против ваков противник очекуваме Villarreal да има целосна контрола на темпото и поседот. На ова натпреварување не започнаа најдобро и сè уште се без победа, односно беа поразени од Manchester City и Tottenham, а ремизираа со Juventus. Во LaLiga се одлични, се помеѓу најдобрите 4 во лигата.
Qarabag –
Chelsea
Qarabag направи пријатно изненадување совладувајќи ги Benfica и FC Copenhagen во првите два натпревари од ова натпреварување. Влегува во овој натпревар со добра домашна форма, но минатото коло беше убедливо совладан од Athletic Bilbao со 3:1 на гостински терен. Тимот доминира во домашното првенство и задржува цврстина на домашен терен, каде што ретко губи бодови. Азербејџанскиот шампион игра длабок блок и брзи транзиции преку крилата, со фокус на компактноста во одбраната. Меѓутоа, на европската сцена нивната дефанзивна организација попушта кога противникот има висок интензитет и контрола на поседот. Qarabag знае да создаде проблеми со агресивен пресинг во првите 20 минути, но потоа ритамот паѓа. Во нападот се потпираат на Leandro и Kashchuk, а за креативноста на играта задолжени се Jankovic и Kady.
Chelsea пристигнува во Баку во одлична форма и со самодоверба по убедливата победа над Ajax од 5:1 во претходното коло од Лигата на шампиони. Тимот на Enzo Maresca конечно ја стабилизираше играта, дефанзивно изгледа сигурно, а офанзивата функционира со голема динамика. Во последните 7 натпревари има 6 победи, вклучувајќи и два натпревари од Лигата на шампионите. Младиот состав покажува сè повеќе зрелост во управување со темпото на натпреварите. Chelsea ја контролира топката, користејќи ги бековите за ширина и вертикални додавања кон нападот. Против ваков ривал, очекуваме да доминира во поседот. Во Премиер лигата се на 5тата позиција и на добар пат се да обезбедат место на европските натпреварувања и следната сезона.
Ajax –
Galatasaray
Ajax се обидува да ја стабилизира играта оваа сезона, но останува во променлива форма и со сериозни осцилации во изведбата. Во минатото коло од Лигата на шампиони доживеа тежок пораз од Chelsea со 1:5, што повторно ги откри слабостите во дефанзивата и недостигот на дисциплина при транзиција. Загубија и на претходните два меча и тоа од Marseille со 4:0 и Inter со 0:2. Тимот често зависи од индивидуални потези. На домашен терен се обидува да игра со висок пресинг, но тоа носи ризик, особено против тимови што добро реагираат на контри. Непостојаноста во средниот ред и недоволното приклучување на бековите често резултира со губење на баланс во текот на натпреварот. Во лигата играат во променлива форма и веќе имаат осум бода помалку од лидерот на табелата.
Galatasaray, пак, патува во Амстердам победничка форма, забележаа одлична победа во минатото коло од 3:1 против Bodø/Glimt, а претходно го совладаа и Liverpool со 1:0. Турскиот шампион повторно изгледа цврсто, со добро организирана одбрана и опасна офанзива преку крилните зони. Тимот на Okan Buruk игра со високо ниво на самодоверба, комбинирајќи брзи излези и пресинг со смиреност при посед. Во последните 8 мечеви има 6 победи и два ремија, што ја потврдува стабилноста во форма. Поседот го користат рационално, а во нападот имаат разновидност. Најголеми закани за противниците се Icardi, Sallai и Yilmaz.
Benfica –
Bayer Leverkusen
Benfica влегува во овој натпревар во одлична форма, со три последователни победи на домашна сцена и импресивна гол-разлика од 11:0 во тие дуели. Сепак, во минатото коло од Лигата на шампиони доживеа тежок пораз на гостувањето кај Newcastle од 3:0, што ја разоткри ранливоста на нивната одбрана под висок притисок. Тимот на Jose Mourinho преферира доминација на теренот и висока линија на одбрана, но таа стратегија може да биде опасна против ривал како Leverkusen. Водени од Schjelderup и Pavlidis, Португалците создаваат многу шанси преку комбинации на краток простор, но мора да бидат поефикасни во реализацијата за да останат во трка за осминафинале. По 3 одиграни натпревари имаат три порази и имаат постигнато два, а примено седум гола.
Bayer Leverkusen, од друга страна, се соочува со благ пад на формата по неверојатниот почеток на сезоната. Германскиот тим минатото коло загуби од PSG со 7:0, резултат што ги изненади сите, но и јасно покажа колку може да биде кревка нивната одбрана против технички супериорни тимови. Претходно ремизираа со PSV и FC Copenhagen. Тимот на Kasper Hjulmand веднаш се врати со победа над Freiburg, но минатото коло беа комплетно надиграни од Bayern Munich во Бундеслигата и изгубија со 3:0. Leverkusen е тим што се потпира на брзината и се постојана закана за противниците преку Kofane и Poku. Во лигата се на 5тото место со 4 победи и пораз во последните 5 меча.
Club Brugge KV –
Barcelona
Club Brugge KV игра дисциплинирано и технички совршен фудбал. Белгискиот шампион влегува во мечот со самодоверба со 6 последователни победи на домашна сцена. Тимот под водство на Nicky Hayen игра со агресивен пресинг. Особено на домашен терен, Brugge демонстрира интензитет и ментална цврстина што им овозможува да се носат со технички посилни противници. По 3 одиграни натпревари имаат една победа и тоа во првото коло над Monaco, а потоа беа поразени од Atalanta и Bayern Munich. Сепак, тимот изгледа физички подготвен и со офанзивен елан пред дуелот со каталонскиот гигант. Во лигата се на 3та позиција и имаат 3 бода помалку од Royale Union SG, кој е на првото место.
Barcelona пристигнува во Белгија во турбулентен период, со резултати кои ги откриваат нестабилностите во одбраната и недоволната конзистентност во организацијата на играта. Поразот од Real Madrid го наруши моралот, но победата од 6:1 против Olympiacos во Лигата на шампиони покажа дека потенцијалот е сè уште огромен. Hansi Flick се соочува со проблеми во балансот помеѓу креативност и дефанзивна стабилност; средниот ред често губи ритам под притисок, а бековите имаат тенденција да оставаат простор зад себе. По 3 одиграни натпревари имаат остварено две победи и еднаш се поразени, а поразот им го нанесе PSG во 2то коло. Нападот се потпира на Lewandowski, Torres и Yamal. Сепак, отсуството на Raphinha, Pedri и Gavi се чувствува на теренот.
Inter –
Kairat Almaty
Inter ја продолжува својата импресивна форма и изгледа како еден од најконзистентните европски тимови оваа сезона. Во минатото коло од Лигата на шампиони славеше убедливо со 4:0 против Royale Union SG, прикажувајќи доминација во сите линии. Претходно ги совладаа Slavia Prague и Ajax, и на ниту еден од овие натпревари не примија гол. Тимот на Cristian Chivu делува тактички совршено организиран, компактна средина и разновидни офанзивни решенија. Lautaro Martinez продолжува да биде лидер во нападот, додека Barella и Çalhanoglu диктираат темпо од средината. Inter во последните единаесет натпревари има само еден пораз, а малиот број на примени голови говори за исклучителна дефанзивна стабилност.
Kairat Almaty, од друга страна, патува во Милано релаксирано, но и со ограничени шанси против ваков ривал. Тимот одигра 0:0 против Pafos во минатото коло, покажувајќи дефанзивна цврстина, но со речиси никаква закана во нападот. Претходно на ова натпреварување беа совладани од Sporting и Real Madrid. Казахстанскиот шампион базира голем дел од својата игра на контранапади и физички дуели, но квалитативната разлика со Inter е премногу голема за да може реално да се надева на позитивен резултат. Освен тоа, во гостинските натпревари во Европа, Kairat има сериозни проблеми со темпото и одбраната во длабочина. Во домашната лига доминираат, но квалитетот на лигата е далеку помал од тој на денешниот противник.
Manchester City –
Borussia Dortmund
Manchester City после три одиграни меча оствари две победи и еднаш ремизира, имаат обезбедено 7 поени досега и се наоѓаат на 7та позиција. Тимот на Pep Guardiola доминираше во минатото коло против Villarreal и ги совлада со 0:2 на гостински терен, контролирајќи го натпреварот со дисциплиниран пресинг. Претходно ремизираа со Monaco на гостински терен, а во првото коло го совладаа Napoli. Покажуваат константност и во домашното првенство, каде имаа низа од 5 меча без пораз, пред да бидат совладани од Aston Villa. На домашен терен City има 4 последователни победи. Нападот се потпира на Haaland, кој игра во исклучителна форма.
Borussia Dortmund се наоѓа на 6тото место во групата, со 7 бода, со две победи и реми. Ремизираа со Juventus во првото коло, а потоа ги совладаа Ath Bilbao и FC Copenhagen. Тимот на Niko Kovac влезе во добра серија и има три победи на последните 4 меча на сите натпреварувања, вклучително и сигурната победа над FC Copenhagen 2:0. Германците играат поорганизирано во дефанзива и поефикасно во завршница, предводени од Guirassy и Adeyemi, но во вакви мечеви често се соочуваат со проблеми при изнесување на топката под висок пресинг. Во Бундеслигата се на 3тата позиција и повторно од нив се очекува да завршат помеѓу најдобрите 4 тимa во лигата.
Marseille –
Atalanta
Marseille се наоѓа на 18тото место во групата, со само три освоени бода по три одиграни кола и под голем притисок пред овој меч. Францускиот клуб изгуби во минатото коло од Sporting CP со 2:1, во натпревар во кој покажа борбеност, но и големи пропусти во дефанзива. Формата на тимот е променлива, со реми, два порази и две победи во последните пет натпревари. Иако нападот функционира пристојно со Greenwood и Vaz, одбраната на Marseille често потфрла во организација и позиционирање, особено против технички и динамични екипи. Во првото коло беа поразени од Real Madrid, а во второто коло го совладаа Ajax. Во лигата се на 2та позиција и играат одлична сезона.
Atalanta, пак, е на 18тата позиција со 4 освоени бода. После три одиграни натпревари имаат пораз, реми и победа. Тимот на Ivan Juric одигра 0:0 против Slavia Prague во минатото коло, контролирајќи го поседот, но без доволна конкретност во завршницата. Претходно во првото коло беа комплетно надиграни од PSG и изгубија 4:0, а во второто коло го совладаа Club Brugge KV со 2:1. Италијанците се карактеризираат со дисциплиниран дефанзивен блок и брзи излези во напад преку Lookman и Krstovic, но во последните пет меча имаат проблем со ефикасноста и постигнаа само три гола. Формата во домашното првенство, исто така, е бледа, со 4 ремија и еден пораз во последните пет натпревари.
Newcastle –
Athletic Bilbao
Newcastle влегува во овој натпревар во солидна форма и моментално се наоѓа на 8то место, со 6 освоени бода по три одиграни кола. Во последното коло во Лигата на шампиони тимот на Eddie Howe го совлада Benfica со убедливи 3:0, при што покажа динамичен и агресивен фудбал. Претходно исто така остварија победа над Royale Union SG, а во првото коло беа поразени од Barcelona. Во домашното првенство, Newcastle игра во променлива форма и се наоѓаат на 13тата позиција, а во неделата беа поразени од West Ham. Играта во одбрана потфрла во зависност од противникот, а во нападот Woltemade е во извонредна форма. Победата би значела речиси сигурно место во нокаут фазата.
Athletic Bilbao е во пад на формата, на ова натпреварување имаат три освоени бода и се наоѓаат на 21то место. Тимот на Ernesto Valverde славеше со 3:1 против Qarabag во последното коло, но во домашното првенство влезе во мала резултатска криза со два последователни порази против Getafe и Real Sociedad. Исто така на ова натпреварување беа поразени во првите две кола и тоа од Dortmund и Arsenal. Баскијците остануваат опасни во нападот, особено преку браќата Williams, но во одбрана покажуваат нестабилност и чести пропусти. На гости, Bilbao има проблем да го одржи интензитетот и често паѓа во второто полувреме.










