
Лига на шампиони прогнози
Qarabag
–
Ajax
Qarabag на 19тото место, со 7 освоени бодови досега. После 5ет одиграни меча на ова натпреварување имаат две победи, реми и два порази. Тимот игра променливо, но на ова натпреварување покажува поцврста офанзива, 8 постигнати и 9 примени голови, што укажува на динамичен, но ризичен стил. На домашен терен делуваат посигурно со една победа и едно реми и гол-разлика 4:2, каде што најмногу се истакнуваат Andrade, Duran и Zoubir како мотор на напаѓачката линија. Одбраната знае да дозволи притисок, но тимот има дисциплина во средниот ред и често се потпира на брзи транзиции.
Ajax на 36тото место, и без освоени бодови досега. Формата засега е катастрофална со гол-разлика 1:16, што ја прави најслабата дефанзива во групата. Тимот тешко создава шанси, а уште потешко реализира, единствениот гол го постигна Weghorst. На гостински терен по двата порази имаат гол-разлика 1:5, со многу пропусти во одбраната и недоволно притисок во нападот. Формата е слаба, структурата нестабилна, а недостигаат играчи кои можат да го променат ритамот во клучни моменти. Во лигата покажаа подобрување на формата и победија последните две кола.
Villarreal
–
FC Copenhagen
Villarreal на 34то место, со само еден освоен бод досега. Тимот има сериозни проблеми, со гол-разлика 2:11 и недоволно ефикасна офанзива која ретко креира доволно шанси. Иако на домашен терен постигнаа два гола и еднаш ремизираа, нестабилноста во дефанзива е главен проблем, премногу лесно примаат голови, особено против тимови кои играат директен и брз фудбал. Клучните играчи како Mikautadze и Veiga сè уште не успеваат да го подигнат напаѓачкиот интензитет. Формата дома покажува мали знаци на напредок, но генерално Villarreal игра променливо и со недоволен интензитет за контрола на мечеви.
FC Copenhagen на 29тото место, со 4 освоени бодови досега. Тимот има солидна напаѓачка форма на ова натпреварување со 7ум постигнати гола, но одбраната е ранлива и примила исто толку голови. На гостински терен имаат негативна форма, два порази, на два одиграни натпревари, без освоен бод и гол-разлика 0:6, што ја открива нивната најголема слабост, пад на компактноста надвор од дома. Сепак, играчи како Robert, Dadason и Larsson создаваат континуирани офанзивни закани и можат да ја искористат нестабилноста на Villarreal. Copenhagen игра динамичен фудбал со брзи транзиции, но мора да ја поправи одбранбената организација.
Ath Bilbao
–
PSG
Ath Bilbao на 27то место, со 3 освоени бодови досега. Тимот оваа сезона има скромен офанзивен учинок со само 4ри постигнати и 9ет примени гола, но прикажува борбен стил со акцент на висок пресинг и директни напади преку Guruzeta и Navarro, кои се клучни во реализацијата. Одбраната функционира солидно на моменти, но тимот често паѓа под притисок против технички посилни противници. На домашен терен игра поорганизирано, со подобар интензитет и потешко прима гол, и има гол-разлика 3:3 по два одиграни меча. Формата е нестабилна, а варијациите во играта го прават тимот непредвидлив, иако домаќинскиот елемент секогаш им носи дополнителна енергија.
PSG на 2то место, со 11 освоени бодови досега. Екипата изгледа далеку поорганизирано со моќен напад од 19 постигнати гола и само 8 примени. Формата е одлична, а тимот доминира преку силни индивидуалци како Ferreira, Kvaratskhelia и Mendes, кои создаваат голема креативност и опасни пробиви. Силна страна е агресивната офанзива со брз проток на топка, но слабост повремено се појавува во транзицијата кога противникот користи контранапади. Во гости PSG изгледа убедливо, постигнати 9 и примени 3 гола во само две средби, што укажува на стабилност и самодоверба и на гостински терен. Севкупната форма им дава јасна предност во ритам, квалитет и ширина на клупата.
Bayer Leverkusen
–
Newcastle
Bayer Leverkusen на 17тото место, со 8ум освоени бодови досега. Тимот ја игра сезоната со големи осцилации, постигнале 8ум, а примиле 10ет гола, што ја покажува нестабилноста и во офанзивата и во одбраната. Иако имаат квалитетни играчи како Grimaldo, Garcia и Schick, реализацијата често им е ниска при силен пресинг од противникот, а дефанзивната линија лесно допушта продори, особено по крилата. На домашен терен формата им е слаба, без победа после два одиграни меча, со 3:8 гол-разлика, што укажува на потешкотии да го контролираат ритамот пред своја публика. Недостасува конзистентност и завршница, што ги става под притисок во дуели против физички подготвени и брзи тимови како Newcastle.
Newcastle на 11тото место, со 9ет освоени бодови досега. Тимот игра солидно со офанзива што функционира многу подобро од Leverkusen, имаат постигнати 11ет и примени 4ри гола, што ја истакнува нивната рамнотежа и компактност. Barnes и Gordon се клучните носители на нападот, создавајќи големи проблеми со брзина и агресивни влезови. Тимот игра дисциплинирано, цврсто во средината и со брзи транзиции, што често носи предност во гостинските натпревари. На гости имаат една победа и еден пораз со постигнати 5ет, а примени два гола, што е јасен показател дека не се плашат да преземат иницијатива на гостински терен. Формата им е во подем и тимот влегува самоуверено во овој дуел.
Benfica
–
Napoli
Benfica на 30то место, со само 3 освоени бодови досега. После 5ет одиграни меча на ова натпреварување имаат една победа и 4ри порази. Тимот игра нестабилно на ова натпреварување, со гол-разлика 4:8 и проблеми во завршницата и дефанзивната транзиција. Иако на домашен терен традиционално играат поагресивно, досега на домашен терен имаат два порази и гол-разлика 2:4, што го отсликува падот во формата. Офанзивно создаваат солиден број шанси, но реализацијата е слаба, а одбраната често попушта во клучни моменти. Клучните играчи како Pavlidis и Barreiro даваат придонес, но недоволно за стабилни резултати.
Napoli на 20тото место, со 7ум освоени бодови досега. Тимот игра подобро од конкурентите, после 5ет одиграни меча на ова натпреварување имаат две победи, реми и два порази, со гол-разлика 6:9 и релативно стабилна офанзива. Формата во последните натпревари е солидна со три победи по ред во лигата, а McTominay и Hojlund го водат нападот. Меѓутоа, на гостински терен на ова натпреварување имаат два порази и гол-разлика 2:8, што покажува дека тимот тешко се приспособува на гостински терен. Одбраната често се отвора премногу, а индивидуалните грешки им носат проблеми.
Club Brugge KV
–
Arsenal
Club Brugge KV на 26тото место, со 4 освоени бодови досега. Тимот игра променливо и иако офанзивно има моменти на ефикасност, севкупно сезоната им носи 8 постигнати и 13 примени голови, што ја открива ранливоста во дефанзивата. Клучните играчи како Forbs и Tresoldi придонесуваат стабилно, но недостатокот на конзистентност често ги чини бодови. На домашен терен формата е солидна, со 7:4 гол-разлика и четири бода од две средби, каде тимот изгледа поорганизиран и поагресивен во транзиција. Играат директен фудбал, но имаат проблеми против физички подготвени ривали кои вршат висок пресинг.
Arsenal на лидерската позиција, со максимални 15 освоени бодови. Тимот е во одлична форма оваа сезона, како на ова натпреварување, така и во Премиер Лигата. Имаат моќна офанзива, 14 постигнати и само 1 примен гол, што сведочи за речиси совршен баланс. Квалитетот на Martinelli, Saka и Gyökeres дава константна закана по противничките одбрани, додека контролата на средината е нивна најсилна страна. На гостински терен се максимални, со две победи и гол-разлика 5:0, демонстрирајќи зрелост и сигурност во играта. Екипата е дисциплинирана тактички, со голем интензитет и брзи вертикални напади кои ретко им дозволуваат на противниците да се стабилизираат.
Dortmund
–
Bodo/Glimt
Dortmund на 6тото место, со 10 освоени бодови досега. Тимот игра офанзивно и стабилно, со 17ет постигнати, а 11ет примени гола, што говори за силен напад предводен од Guirassy и Nmecha, но и умерено пропустлива одбрана. Формата на домашен терен е одлична, две победи на два одиграни меча и 8ум постигнати и само еден примен гол, односно две убедливи победи. Dortmund доминира со висок пресинг, брзи транзиции, што го прави исклучително опасен на домашен терен. Нивната тековна форма е позитивна, со неколку силни настапи во Бундеслигата и на ова натпреварување.
Bodo/Glimt на 32то место, со само два освоени бодови. Норвежаните имаат вкупна гол-разлика 7:11, што покажува добар напад, но многу ранлива одбрана. На гостински терен се особено слаби, само три постигнати и пет примени гола и се уште без победа. И покрај добрата форма во лигата, на ова натпреварување играат значително полошо. Главни носители на играта се Fet и Hauge, но тимот има проблем со задржување на интензитетот и често паѓа во вториот дел. Недостасува стабилност во фаза на дефанзива, што против тим како Dortmund е сериозен недостаток.
Juventus
–
Pafos
Juventus на 22то место, со 6 освоени бодови досега. Тимот игра променливо, со 10ет постигнати и исто толку примени голови после 5ет одиграни меча на ова натпреварување. После 5ет одиграни меча имаат една победа, три реми и пораз, а на неколку натпревари во одбраната делуваше ранливо, но офанзивно создаваат солиден број шанси. На домашен терен имаат две ремија со гол-разлика 5:5, што укажува на нестабилност, но и на офанзивен потенцијал кој преку Vlahovic и Yildiz често носи опасност. Juventus се потпира на постепен напад, комбинации низ средината и физички дуели. Севкупната форма е променлива со добри и просечни партии. Повредата на нивниот најдобар стрелец Vlahovic ќе биде голем хендикеп за тимот.
Pafos на 24тото место, со 6 освоени бодови досега. Тимот има постигнато 4ри, а примено 7ум гола, што ја открива нивната најголема слабост, одбраната која лесно попушта под притисок. Иако во последните натпревари тимот создава повеќе шанси, реализацијата останува непостојана. На гостински терен Pafos има две ремија без голови, што покажува дека најчесто се брани длабоко и игра претпазливо. Клучни играчи се Orsic и David Luiz, кои можат да донесат индивидуални моменти, но тимската стабилност често недостасува. Формата е солидна во лигата, но и на ова натпреварување можат да бидат задоволни од досега прикажаното.
Real Madrid
–
Manchester City
Real Madrid влегува во мечот со благ пад на формата, досега имаат остварено 4ри победи и еднаш се поразени, што ги става на 5тото место со 12ет бода. На последните 6 меча во лигата имаат две победи, две реми и болен пораз од Celta Vigo на домашен терен минатото коло во лигата. Сепак, на домашен терен во Лигата на шампионите со две победи, гол-разлика 3:1 и стабилна игра. Напаѓачката моќ повторно ја движи Mbappe кој со 9 гола е најдобар стрелец во целата ЛШ, а од втора линија Camavinga и Bellingham даваат важни импулси. Единствен проблем останува дефанзивната нестабилност, тимот прими гол во четири од последните пет натпревари.
Manchester City има три последувателни победи во Премиер Лигата. На ова натпреварување се наоѓаат на 9тото место со 10ет освоени бода. Тимот игра добро на гостински терен, победа против Villarreal и реми со Monaco, со гол-разлика 4:2. Haaland е во одлична форма со 5ет постигнати гола, а Foden и Doku додаваат квалитет од крилните позиции. Победа на овој натпревар може значително да ја подобри нивната позиција во групата. Тимот има слабости во дефанзивата, но е многу константен во создавање шанси и одржување високо темпо.










