Лига на шампиони прогнози

21 октомври 2025

Barcelona – Olympiacos

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 18:45
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Barcelona & Barcelona 2+)

Barcelona влегува во третото коло со 3 освоени бода. Во првото коло го совладаа Newcastle, а потоа беа надиграни од PSG на домашен терен и изгубија со 1-2. Иако во првото полувреме ја имаа иницијативата, во второто полувреме доминираше противникот. Постигнаа 3 гола на два одиграни натпревари, но и примија ист број на голови. Rashford со два постигнати гола е најефикасен засега во ова натпреварување. Hansi Flick ќе мора да се фокусира на дефанзивата, со оглед на тоа дека примија три гола на два меча, што сугерира дека концентрацијата во одбраната е слаба точка. Во Ла Лига се борат за првото место со Real Madrid, а викендов ја совладаа Girona.

Olympiacos Piraeus досега има обезбедено само еден бод и е без постигнат гол во двете рунди. Во последниот меч против Arsenal беа целосно надиграни, со само три удари во рамките на голот. Во првото коло ремизираа со кипарскиот Pafos без голови. Тимот има ограничен напаѓачки капацитет и најчесто се потпира на долги топки и прекини. Неможноста да наметнат темпо на игра и технички прецизни излези ги прави ранливи против технички супериорни тимови како денешниот. Во лигата се борат за првото место со AEK Athens, а минатото коло ја совладаа AEL Larissa на гостински терен.

🔎 Очекувања: Со оглед на индивидуалниот квалитет и моменталната форма, Каталонците се во идеална позиција за уверлива победа и враќање на победничкиот колосек. Очекуваме Barcelona да победи на домашен терен и да постигне два гола во текот на мечот.
Прогноза резултат: 3:0

Kairat Almaty – Pafos

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 18:45
💡 Тип:
2 (Победа на Pafos)

Kairat Almaty е последен на табелата, со најслаба гол-разлика досега — имаат постигнато еден, а примиле осум гола. Минатото коло беа поразени од Real Madrid со 0–5, што ги откри сите проблеми во брзина, тактичка поставеност и организација при одбраната. Единствениот постигнат гол беше во поразот од Sporting CP со 4–1, но и таму беа тотално надиграни. Домашниот терен ќе биде мотив, но квалитетот на ривалите е над нивото на локалната лига. Доминираат во лигата и се наоѓаат на првото место со 5 бода повеќе од FC Astana.

Pafos има еден освоен бод досега, но се покажа поконкурентен со противници како Bayern и Olympiacos. Во првото коло од ова натпреварување ремизираа на гостински терен со Olympiacos и покажаа дека имаат одлична дефанзива. Во второто коло беа немоќни против Bayern Munich и беа совладани на домашен терен со 1:5. Иако и тие имаат проблем со примени голови, разликата со денешниот противник е што колективно се поорганизирани и имаат поголема дефанзивна дисциплина. Во лигата доминираат и се наоѓаат на првото место со 6 победи на 7 одиграни натпревари.

🔎 Очекувања: Kairat ќе се обиде да наметне притисок преку средината на теренот, но Pafos има потенцијал да ја искористи слабата транзиција и пропустите во дефанзивата. Очекуваме победа на гостинот, кој има подобра структура и физичка кондиција.
Прогноза резултат: 1:2

Arsenal – Atl. Madrid

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тиме да постигнат гол)

Arsenal игра во одлична форма и е еден од најстабилните тимови во групната фаза — има две победи без примен гол. Ги совладаа Ath. Bilbao и Olympiacos, а двата натпревари завршија со 2-0. Martinelli постигна два гола досега, а Saka и Trossard по еден. Системот на Mikel Arteta функционира беспрекорно со висок пресинг, брзи преноси и одлична координација во дефанзива. Во Премиер лигата ја преземаа првата позиција, а во последното коло го совладаа Fulham на гостински терен.

Atl. Madrid има 3 освоени бода досега, со убедлива 5–1 победа против Eintracht Frankfurt и пораз од Chelsea во првото коло. Тимот на Diego Simeone е поофанзивен од вообичаено. Llorente има два постигнати гола досега, а Alvarez, Griezmann, Raspadori и Simeone по еден. Дефанзивната линија прими четири гола на два меча, што не е типично за нив. Во лигата имаат само еден пораз досега, но одлични се во нападот со 15 постигнати гола. Победата над Real Madrid од 5:2 пред две кола покажува дека овој тим може да ги совлада и најдобрите.

🔎 Очекувања: Арсенал е фаворит на овој натпревар и ќе игра со контролиран посед и брзи транзиции. Атлетико ќе бара контри преку Мората и Гризман. Atl. Madrid е незгоден противник за било кој тим, па очекуваме најмалку по еден гол од обете страни.
Прогноза резултат: 2:1

Bayer Leverkusen – PSG

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 21:00
💡 Тип:
3+ (Over 2.5)

Bayer Leverkusen ремизираше во првите две кола — најпрво со FC Copenhagen на гостински терен 2:2, а потоа со PSV на домашен терен 1:1. Покажаа стабилна игра, но без реализација во клучните моменти. Тимот создава многу шанси преку крилата. Kofane и Grimaldo се меѓу стрелците, а тренер е Kasper Hjulmand. Во лигата играат одлично — во последното коло го совладаа Mainz и имаат само еден пораз после 7 одиграни меча.

PSG, според очекувањата, на двата одиграни меча оствари две победи и на тие два натпревари постигнаа 6, а примија само еден гол. Во првото коло целосно ја надиграа Atalanta и ја победија со 4:0, а во второто коло освоија 3 бода на гостувањето во Barcelona. Имаат проблеми со повредени играчи и тоа се одрази на нивната форма, па ремизираа во последните две кола во лигата. На ова натпреварување досега најефикасен е Ramos со два постигнати гола, а повеќе играчи постигнаа по еден гол. Тимот на Luis Enrique игра со огромна самодоверба и одличен напад.

🔎 Очекувања: Bayer ќе се обиде да го намали ритамот со посед и контрола на средината на теренот, но PSG има способност да казни од контри. Bayer Leverkusen игра офанзивен фудбал, па очекуваме најмалку 3 гола во текот на мечот.
Прогноза резултат: 2:3

FC Copenhagen – Dortmund

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Dortmund)

FC Copenhagen има еден освоен бод досега и на двата одиграни натпревари постигна два, а прими четири гола. Во првото коло ремизираа 2:2 со Leverkusen на домашен терен, а во второто беа шокирани од Qarabag и поразени со 2:0. Тимот го води Jacob Neestrup и ќе мора да поработи на отстранување на пропустите во дефанзивата. Larsson и Robert се запишаа во листата на стрелци во првиот натпревар. Во лигата исто така играат во променлива форма и имаат една победа во последните 5 меча.

Dortmund има 4 освоени бода досега и се на 7. позиција. Во првото коло ремизираа со Juventus на гостински терен во ефикасен натпревар кој заврши 4:4, а во второто целосно го надиграа Ath. Bilbao на домашен терен и победија 4:1. Имаат импресивна офанзивна линија со Guirassy и Adeyemi, а средниот ред е исто така активен во постигнувањето голови. На претходните два меча ја покажаа својата напаѓачка моќ, но и слабоста во одбраната при контри. Последното коло беа поразени од Bayern Munich на гостински терен, но во лигата играат во одлична форма.

🔎 Очекувања: Копенхаген ќе се потпре на дуели и прекини, додека Дортмунд ќе игра со брз ритам и долги пасови. Германците имаат повеќе варијанти во напад и во моментов изгледаат посилно и поуверено.
Прогноза резултат: 0:2

Newcastle – Benfica

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на Newcastle)

Newcastle одигра фантастично минатото коло против Royale Union SG и ги совлада на гостински терен со 0:4. Во првото коло беа поразени од Barcelona на домашен терен со 1:2. Тимот го води Eddie Howe и има одлична офанзивна линија. Досега имаат постигнато 5 голови, а Osula има постигнато еден. Тимот игра со брз ритам и ефикасен пресинг, што ги прави непријатни за секој противник на домашен терен. Викендов беа поразени од Brighton на гостински терен со 2:1, а во Премиер лигата се во променлива форма на 12. позиција.

Benfica, иако во лигата игра во добра форма и се наоѓа на 3. место без пораз после 8 одиграни натпревари, на ова натпреварување не започна најдобро. Во првото коло беа совладани од Qarabag со 2:3 на домашен терен, а во второто доживеаја пораз од Chelsea со 1:0. И покрај индивидуалците како Pavlidis, Ivanovic и Sudakov, им недостасува тимска динамика и креативност. Тимот го презеде Jose Mourinho, но се чини дека ќе му треба време за да го избалансира тимот.

🔎 Очекувања: Њукасл ќе настојува да наметне брз ритам на игра, а Бенфика, во стилот на Mourinho, ќе оди дефанзивно и ќе се потпира на контри. Очекуваме победа на домашниот тим.
Прогноза резултат: 2:0

PSV – Napoli

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ(Двата тиме да постигнат гол)

PSV има обезбедено еден бод после два одиграни меча. Во првиот меч беа совладани од Royale Union SG на домашен терен со 1:3, а во второто коло одиграа одлично во дефанзива и ремизираа со Bayer Leverkusen на гостински терен со резултат 1:1. Под водство на Peter Bosz играат динамичен фудбал, создаваат шанси, но реализацијата е слабост. Во лигата играат одлично и се на 2. позиција со само еден пораз после 9 одиграни меча. Викендов ги совладаа G.A. Eagles на домашен терен со 2:1.

Napoli има три освоени бода досега. Во првото коло беа поразени од Manchester City на гостински терен со 2:0, во натпревар во кој беа со играч помалку од 20. минута. Во второто коло ги совладаа Sporting CP на домашен терен со 2:1. Hojlund со два постигнати гола е во топ форма, а De Bruyne и McTominay ја контролираат средината на теренот. Во Серија А се меѓу најдобрите тимови во лигата, но минатото коло беа совладани од Torino на гостински терен со 1:0.

🔎 Очекувања: Очекуваме натпревар со отворена игра и многу шанси. PSV ќе притиска на домашен терен, но транзицијата на Napoli е одлична.
Прогноза резултат: 1:2

Royale Union SG – Inter

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Inter)

Royale Union SG минатото коло претрпе висок пораз од Newcastle на домашен терен со 0:4. Досега имаат обезбедено 3 бода благодарение на победата во првото коло над Royale Union SG, каде одиграа одлично и победија со 1:3. Играат во одлична форма во лигата, каде се на првото место и имаат само еден пораз на 11 одиграни меча. Во саботата го совладаа Charleroi на домашен терен. Играат офанзивно и тимот создава шанси под водство на David Hubert.

Inter одлично ја започна групната фаза од Лигата на шампионите — после два одиграни меча остварија две победи. Имаат одлична дефанзива и не примиле гол досега, а и моќна офанзива со 5 постигнати гола. Cristian Chivu на располагање ги има Martinez и Thuram, кои имаат постигнато по два гола досега. Средниот ред со Barella и Zielinski функционира одлично. Минатото коло во лигата освоија важни 3 бода совладувајќи ја AS Roma на гостински терен со 0:1.

🔎 Очекувања: Royale Union SG ќе се обиде да го изненади противникот со контри, но Inter има квалитет за континуирано создавање шанси и одржување на висок посед.
Прогноза резултат: 0:2

Villarreal – Manchester City

Европа • UEFA Champions League
📅 21.10
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Manchester City)

Villarreal не е на посакуваното ниво досега — има само еден бод после два одиграни меча. Во првото коло беа поразени од Tottenham на гостински терен со 1:0, а во второто коло на домашен терен ремизираа со Juventus со резултат 2:2. Првиот гол го постигна Mikautadze, а бод им донесе Veiga, кој го постигна израмнувачкиот гол во 90. минута. Имаат техничка флексибилност во нападот, но се ранливи под пресинг. Во лигата се на 3. место со благ пад на формата и немаат победа во последните две кола, а минатото коло ремизираа со Betis.

Manchester City има 4 освоени бода досега и на овие два натпревари има постигнато 4, а примено два гола. И на ова натпреварување, како и во лигата, најефикасен е Haaland со 3 постигнати гола, а Doku постигна еден. Во првото коло го совладаа Napoli на домашен терен, а во второто коло ремизираа со Monaco 2:2 како гости. Под водство на Pep Guardiola на секој натпревар стандардно имаат висок посед. Формацијата функционира совршено и после слабиот старт на сезоната се вратија во победничка форма — минатото коло во Премиер лигата го совладаа Everton со 2:0.

🔎 Очекувања: Villarreal ќе се брани длабоко и ќе бара простор за контри. Гостите ќе го контролираат темпото и ќе ја држат топката во третината на противникот. Разликата во класа е голема.
Прогноза резултат: 0:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)