💡 Тип:
X2 (Нерешено или победа на Mallorca)
Oviedo влегува во мечот од 20тото, последно место со 9 бода. Играат во слаба форма, со ограничена офанзивна продукција и само 7 постигнати гола оваа сезона. Тимот има проблеми со креирање шанси, а одбраната често попушта под висок пресинг. Rondon е најистакнат стрелец, но недоволно за стабилен напаѓачки импакт. Домашната форма е слаба, 1 победа, 2 ремија и 4 порази со гол-разлика 2:10, што укажува на неефикасност и тешкотии да се контролира ритамот на сопствен терен. Играта на Oviedo делува статична, со бавни транзиции и мал број играчи во завршна третина, што дополнително ја намалува заканата во напад.
Mallorca на 16тото место со 13 бодови има многу подобар офанзивен профил, но гостинската форма е сериозен проблем со 6 порази од 7 натпревари и гол-разлика 8:14. Одбраната често остава празнини, особено во транзиција, но индивидуалниот квалитет во нападот е далеку повисок од оној на противникот. Muriqi со 8 гола е главната закана, а Joseph и Costa додаваат длабочина и агресија напред. Иако Mallorca има подобри индивидуалци, нестабилноста во гостинските настапи останува голема слабост, но тимот знае да казни грешки, особено против ривали со низок офанзивен импакт како Oviedo.
Двата тима се во слаба форма, но Mallorca има појасен напаѓачки идентитет, додека Oviedo зависи од дисциплинираната, но неефикасна игра. Мечот најавува борба со мала, но значајна предност за гостите поради индивидуалниот квалитет. 0:1
💡 Тип:
1 (Победа на Villarreal)
Villarreal се наоѓа на 3тото место со 32 бодови и со импресивен офанзивен ритам и 29 постигнати гола, предводени од Moleiro, Buchanan и Moreno. Тимот игра динамичен, технички одличен фудбал со силен притисок и брзи промени на темпо. Одбраната дома е стабилна, примајќи само 4 гола на 7 натпревари. Формата на домашен терен е извонредна, 6 победи и 1 реми, со гол-разлика 18:4, што го прави еден од најсилните домаќини во лигата. Villarreal лесно создава шанси и има добра реализација, а средниот ред функционира компактно и агресивно, овозможувајќи контрола на играта и постојан притисок врз противникот.
Getafe е во солидна форма сезонава, на 7то место со 20 бодови. Играат променливо, но во особено слаба форма на гостински терен. Тимот има 3 победи и 4 порази на гостински терен, со гол-разлика 6:10, што укажува на проблеми во завршница и недоволна компактност во дефанзивата. Офанзивно, Mayoral и Liso носат најголема закана, но тимот често се мачи да создава шанси против состави кои контролираат темпо. Играта на гости е дефанзивна, ориентирана кон контри, но недоволната стабилност во последната линија, а и проблемите во транзиција, го прават Getafe ранлив против технички силни тимови како Villarreal.
Иако Getafe може да биде незгоден противник, Villarreal има значително подинамична игра, подобра форма и далеку поквалитетни индивидуалци. Дуелот најавува натпревар со иницијатива на домаќинот и очекуваме да дојдат до три бода на овој натпревар. 2:0
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Alaves на 14тото место со 15 бодови влегува во мечот со променлива форма и ограничена офанзивна моќ. Тимот постигнал 12 гола и примил 15 на 14 одиграни меча, што покажува умерена стабилност, но со осцилации во завршницата. Vicente, Martinez и Boye носат најголема закана, но тимот генерално се мачи да создава шанси. Формата на домашен терен е солидна, 3 победи, 2 ремија и 2 порази со гол-разлика 9:7, што укажува дека Alaves знае да биде конкурентен на домашен терен, особено преку дисциплинирана средина и стабилна дефанзива. Сепак, во дуелите со технички поквалитетни екипи често се јавуваат проблеми со темпото и транзицијата. Во лигата имаат три последователни порази.
Real Sociedad на 10то место и 16 бодови има посилен тимски профил и поквалитетни индивидуалци. Имаат 19 постигнати и 21 примен гол, со Oyarzabal, Barrenetxea и Mendez како главни носители на креативноста и реализацијата. После 14 одиграни меча оваа сезона имаат остварено 4 победи, 4 ремија и 6 порази. Сепак, гостувањата се слабост, само една победа, 3 ремија и 3 порази со гол-разлика 8:10, што покажува дека Sociedad тешко го одржува континуитетот на гостински терен. Иако тимот создава доволно шанси, проблемот е неефикасноста и падот во интензитет во вториот дел од натпреварите, што го прави ранлив против организирани домаќини.
Мечот носи рамнотежа меѓу стабилниот домашен пристап на Alaves и техничката предност на Sociedad. Очекуваме цврст натпревар и најмалку по еден гол од обете страни, а блага предност за победа му даваме на гостинот благодарение на индивидуалниот квалитет напред. 1:2
💡 Тип:
2 (Победа на Barcelona)
Betis на 5тото место со 24 бодови има стабилна игра и солидни се на домашен терен, но овој натпревар се игра на неутрален стадион. Тимот постигнал 22 гола и примил 14, што одразува балансиран стил со добра реализација и цврста организација. Cucho Hernandez, Antony и Fornals носат разновидност во нападот, а тимот често комбинира вертикални напади и брзи транзиции. Формата дома со 4 победи на 7 одиграни натпревари и гол-разлика 11:6 укажува дека Betis знае да притисне и против стабилни ривали, со дисциплиниран среден ред и агресивен пресинг. Одбраната понекогаш потклекнува против технички супериорни тимови, но Betis генерално изгледа конкурентно и самодоверливо.
Barcelona е повторно лидер на табелата со 37 бодови, игра атрактивен и напаѓачки фудбал со најдобар напад во лигата, односно 42 постигнати гола, а примени само 17. Тимот е во одличен моментум, со Lewandowski и Torres како носители на нападот, а Lamine Yamal и Raphinha додаваат креативност и брзина. Гостинската форма е променлива, тимот знае да остави простор во одбраната и да влезе во отворени дуели, во кои сепак најчесто излегува победник поради индивидуалниот квалитет. Barcelona доминира во посед, контролира темпо и создава многу шанси, а квалитетот во секоја линија им овозможува да реагираат и во тешки моменти.
Мечот ветува висок ритам и офанзивна игра од двете страни, со иницијатива и контрола од Barcelona, додека Betis ќе се обиде да одговори преку транзиција. Разликата во квалитет носи мала, но јасна предност за гостите. 1:3
💡 Тип:
0–2 (Помалку од 3 гола)
Ath Bilbao на 8то место со 20 бодови игра во променлива форма и има проблеми во реализацијата, постигнувајќи само 14 гола на 15 одиграни натпревари. Тимот игра интензивно, со силен пресинг и високо темпо, но често недостасува реализација или конкретност во нападот. Williams и Navarro се најопасни во нападот, но продукцијата е недоволна против силни дефанзивни структури. Формата дома носи 4 победи, реми и 3 порази со гол-разлика 8:9, што покажува дека иако Bilbao е агресивен на San Mames, лесно прима голови. Тимот тежнее кон физички дуели и динамични крила, но нестабилноста во одигрувањето на клучните моменти е чест проблем.
Atl. Madrid на 4тото место со 31 бод доаѓа со многу посилен офанзивен профил и 28 постигнати гола, предводени од Alvarez, Griezmann и Sorloth. Тимот комбинира типична цврстина во одбрана со развиена транзиција и ефикасност во нападот, иако неодамна имаше осцилации, вклучително и висок пораз од Barcelona минатото коло. На гостински терен имаат скромна форма, 2 победи, реми и 4 порази со гол-разлика 6:11, што укажува дека тимот е ранлив на гостински терен. Сепак, индивидуалниот квалитет и дисциплината во извршување на тактичките задачи најчесто го одржуваат рејтингот на тим кој лесно казнува грешки и игра добро под притисок.
Мечот најавува интензивен, физички дуел, со многу борба во средината. Atl. Madrid има блага предност поради индивидуалниот квалитет и подобрата реализација. Очекуваме натпревар со мал број голови и тесна предност за гостите. 0:1
💡 Тип:
1 (Победа на Elche)
Elche на 11тото место со 16 бодови влегува во овој меч со солидна, но променлива форма, иако домашните настапи оваа сезона се многу поорганизирани. Тимот има 15 постигнати и 17 примени голови, со Mir и Silva како главни офанзивни адути кои ја носат потребната ефикасност. Игра дисциплинирано, со нагласена дефанзивна структура и барање на директни решенија при транзиција. Формата на домашен терен со три победи и 4 ремија и гол-разлика 9:5 е голем плус, непоразени се пред своите навивачи и знаат да го контролираат темпото преку цврст среден ред. Сепак, проблемот е променливиот интензитет и тоа што понекогаш премногу се повлекуваат, оставајќи простор за притисок од офанзивни екипи.
Girona на 18тото место со 12 бодови игра под нивото од минатите сезони и влегува во овој дуел со слаб гостински биланс. Тимот има 13 постигнати и 26 примени голови, што укажува на проблеми во дефанзивната поставеност и лесно дозволување шанси. Ounahi, Stuani и Vanat обезбедуваат закана напред, но недоволно за тимот да има комфор. Гостинската форма со три ремија и исто толку порази, гол-разлика 5:12, покажува дека Girona тешко ја одржува компактноста и често губи дуели во средината, што дополнително го отежнува темпото и транзицијата. Тимот знае да игра во ритам, но слабите дефанзивни реакции и честите индивидуални грешки се голема слабост.
Мечот најавува умерено темпо, со повеќе иницијатива од Elche и ограничени офанзивни моменти од Girona. Домашните изгледаат поконзистентно и посигурно во структурата. 2:1
Valencia на 15тото место со 14 бодови влегува во овој меч со променлива форма, но со знаци на стабилизација во последните настапи. Тимот постигнал 13 гола и примил 22, што укажува на ограничена офанзивна продукција и дефанзивни слабости, особено против технички супериорни екипи. Duro, Danjuma и Lopez носат најголема закана, но тимот често се потпира на индивидуални моменти наместо на конзистентна колективна игра. Формата дома со три победи, две ремија и исто толку порази и гол-разлика 9:6 е солидна и Valencia навистина изгледа покомпактно на свој терен, каде што успешно го намалува темпото на противниците, иако и понатаму постојат проблеми со одржување на ритам и креативност во завршницата.
Sevilla на 13тото место и 16 бодови игра под очекувањата, но има квалитет за многу повеќе. Тимот постигнал 19 гола, но примил 23, што ја нагласува нестабилноста, особено во дефанзивните фази. Vargas, Romero и Adams обезбедуваат разновидност во нападот, но честите тактички промени влијаат на ритамот и конзистентноста. Гостинската форма со три победи и 4 порази со гол-разлика 9:11 е непредвидлива, знаат да одиграат храбро на гостински терен, но исто така лесно потклекнуваат кога губат контрола во средината на теренот. Тимот е поофанзивен од Valencia, но игра далеку поризично во дефанзива.
Мечот најавува изедначен дуел со различни стилови, Valencia со поконтролирана игра и Sevilla со поофанзивна, но поризична стратегија. 1:1
💡 Тип:
1 (Победа на Espanyol)
Espanyol се наоѓа на 6тото место со 24 бодови, игра стабилен фудбал со јасен идентитет и цврста организација, особено кога настапува дома. Тимот постигнал 18 и примил 16 гола, што покажува балансирана поставеност со јасни улоги во средниот ред и офанзивната зона. Milla, Fernandez и Garcia се клучните офанзивни носители, додавајќи креативност и завршница. На домашен терен имаат пет победи, реми и два порази со гол-разлика 12:10, што ги прави конкурентни, самоуверени и знаат да го контролираат темпото, иако повремено дозволуваат лесни голови поради недоволна концентрација. Формата во последните кола е позитивна, што е значајно пред дуел со ривал кој често игра отворено.
Rayo Vallecano се наоѓа на 9тото место со 17 бодови, доаѓа со променлива форма и тимска структура која знае да биде опасна, но и да падне под притисок. Со гол-разлика 13:15 и многу нерешени натпревари, Rayo се потпира на колективниот интензитет и притисокот по загубена топка. De Frutos и Garcia се најконстантни во напад. Недостатокот на стабилност и променливите настапи на гостински терен, односно три победи, реми и 4 порази, покажуваат дека имаат проблем во создавање, контрола и завршување на шансите. Тимот е тврд, но не секогаш доволно организиран, а против посилни противници често се повлекува во дефанзива.
Espanyol ќе биде поконкретен на домашен терен, додека Rayo ќе се обиде да ја контролира средината и да чека момент да постигне гол. Малите разлики во квалитет и контрола одат на страна на домаќинот. 2:1
💡 Тип:
1 & 3+ (Победа на Real Madrid & 3 или повеќе голови)
Real Madrid влегува во натпреварот со осум натпревари без пораз во лигата. Тимот дома е максимален, шест победи од 6 натпревари, гол-разлика 14:3. Играат контролирано, со многу динамика и висока реализација. Во Ла Лига, нивните последни резултати покажуваат доминација против послаби екипи, а во последните 4 кола три пати ремизираа, по што ја загубија лидерската позиција на табелата. Нападот функционира беспрекорно со Mbappe, кој има постигнато 16 гола досега, а покрај него се Vinicius Junior, Guler и Bellingham. Реално, тимот има огромна офанзивна длабочина, темпо на игра, креира многу шанси, а има квалитетни индивидуалци кои можат сами да го решат мечот.
Celta Vigo игра во променлива форма, се наоѓаат на 12тото место со 16 освоени бодови досега. На последните 4 одиграни натпревари имаат три порази, вклучувајќи го и поразот од Ludogorets во Европа лигата. Како гостински тим имаат солидни резултати, три победи, две ремија и пораз, со гол-разлика 9:7. Ова покажува дека на гостински терен играат подобро отколку на свој терен и имаат три последователни победи на гостински терен. Нападот е солиден, но одбраната често паѓа под притисок. Iglesias е единствениот со стабилна форма и со 5 постигнати гола досега, додека Aspas, Jutgla и Duran имаат минимален придонес.
Во последните меѓусебни дуели Celta честопати дава гол од контра или индивидуална акција, но многу ретко држи резултат или темпо. Очекуваме Real да ја контролира играта и да обезбеди три бода на домашен терен. 3:1
💡 Тип:
1 (Победа на Osasuna)
Osasuna на 17тото место со 12 бодови влегува во овој натпревар под притисок, но со јасна потреба да ја искористи домашната поддршка за прекин на слабата серија. Тимот често има проблеми со организација во средината, што води до изгубени дуели и лесно примени голови, но во офанзива знае да создаде шанси преку брзи транзиции и агресивен пресинг. Клучниот фактор е подобрата игра дома, каде што постигнуваат повеќе и делуваат посигурно. Покажаа дека можат да контролираат ритам, а последните поефикасни настапи укажуваат на подем во самодовербата. Ако линиите останат компактни, Осасуна може да го отвори мечот во своја полза, особено преку директни напади.
Levante се наоѓа на 19тото место со 9 бодови и продолжува да се мачи резултатски, со низа порази што ги турка длабоко кон зоната за испаѓање. Тимот игра борбено, но одбраната често попушта поради недоволно дисциплинирано позиционирање. Во офанзива создаваат малку шанси и зависат од индивидуални моменти. Играта на гостински терен е подобра во однос на домашниот терен и после 8 одиграни меча имаат остварено две победи, две ремија и 4 порази, а на овие 8 натпревари имаат постигнато 11, а имаат примено исто толку голови. Иако покажуваат кратки периоди на цврстина, недостасува континуитет. Ако не го стабилизираат дефанзивниот блок, ќе се соочат со постојан притисок, а транзициските напади им се премногу бавни за да бидат закана.
Osasuna делува поконзистентно дома и има поквалитетни механизми за создавање шанси, додека Levante останува ранлив и без јасна идеја во напад. 2:1