Тикет на денот

03 ноември 2025

Ilves

SJK

Финска • Veikkausliiga 📅 03.11 🕐 17:00
💡 Тип:
1 (Победа на Ilves) — Квота: 1.57

Иако шансите за освојување на шампионската титула за екипата на Ilves се намалија по вчерашната победа на KuPS над Inter Turku, надежта сè уште не е целосно изгубена. Со победа на овој натпревар, Ilves ќе ја задржи теоретската можност да го стигне лидерот и во последното коло да се надева на кикс кој би им донел историска титула. Тимот моментално има 59 бодови по 30 одиграни натпревари и се наоѓа на второто место. Во досегашниот тек на сезоната забележа 18 победи, 5 ремија и 7 порази, постигнувајќи 65 голови — најмногу во лигата — и примајќи 40.

SJK во последните две кола освои само еден бод, со што значително ги намали шансите за освојување на третата позиција, која води во квалификациите за Лигата на конференции во следната сезона. Тимот моментално се наоѓа на 4-тото место со 55 бодови по 30 одиграни натпревари. Во текот на сезоната забележа 17 победи, 7 ремија и 7 порази, при што постигна 64 голови, а прими 48. Сепак, на гостински терен покажа добра форма — победи на 5 од последните 7 натпревари, а само по еднаш ремизира и загуби.

Иако овој натпревар е важен за двете екипи, кои се борат за подобар пласман, сепак предност даваме на екипата на Ilves, која сè уште има шанси да се бори за титулата. Сметаме дека тие ќе ја искористат домашната предност и ќе остварат победа на овој натпревар.

Sassuolo

Genoa

Италија • Serie A 📅 03.11 🕐 18:30
💡 Тип:
1X (Sassuolo да не загуби) — Квота: 1.39

Sassuolo на овој натпревар ќе се сретне со најслабиот тим во моментов во Serie A според табелата, што претставува одлична можност за враќање на победничките патеки. Традиционално, тие имаат добар биланс на домашен терен против овој противник — победиле на 6 од последните 10 меѓусебни дуели, а на по два одиграле нерешено и загубиле. Тимот моментално е на 10-тата позиција со 13 бодови по 9 одиграни натпревари, со 4 победи, едно реми и 4 порази, при што постигна и прими по 10 голови. На домашен терен оваа сезона има две победи и два порази, токму од силните Napoli и Roma.

Genoa ја започна сезоната многу слабо и во моментов важи за еден од главните кандидати за испаѓање од најсилната италијанска лига, што би значело преселба во Serie B следната сезона. Тимот моментално се наоѓа на последната позиција со само 3 бодови по 9 одиграни натпревари. Во тие дуели Genoa запиша три ремија и шест порази, без ниту една победа досега. Нападот е неефикасен — имаат само 4 постигнати голови, додека одбраната прими 13. На гостински терен одигра четири натпревари, при што ремизира против Como на првиот, а потоа загуби на сите три наредни со идентичен резултат од 2:1.

Sassuolo на досегашните натпревари против денешниот ривал покажа дека предноста кога игра дома е од големо значење. Очекуваме таа предност да ја искористи и овојпат, и да не загуби на овој натпревар.

Vasas

Videoton

Унгарија • NB II 📅 03.11 🕐 20:00
💡 Тип:
1 (Победа на Vasas) — Квота: 1.45

Vasas, откако минатата сезона за само еден бод не успеа да обезбеди пласман во најсилната унгарска лига, оваа година повторно е меѓу главните фаворити за враќање во елитата. Иако конкуренцијата повторно е голема, Vasas игра стабилно и ефикасно. Тимот моментално има 23 бодови по 11 одиграни натпревари и се наоѓа на втората позиција на табелата, само чекор зад лидерот. Овој натпревар претставува одлична шанса со победа да се искачи на првото место. Досега забележа 7 победи, 2 ремија и 2 порази, постигнувајќи 19 голови и примајќи 12, што го прави еден од најконстантните тимови во лигата.

Videoton, по испаѓањето од првата унгарска лига минатата сезона, продолжува да се соочува со проблеми и во втората. Тимот моментално се наоѓа на 9-тата позиција со само 13 бодови по 11 одиграни натпревари, што е далеку под очекувањата. Досега има забележано 3 победи, 4 ремија и 4 порази, со гол-разлика 13:13. На гостински терен одигра 5 натпревари, при што оствари две ремија и три порази, без ниту една победа досега, што јасно покажува дека тимот има сериозни проблеми надвор од својот терен.

На домашниот тим трите бодови му се повеќе од потребни од овој дуел, како би останал конкурентен за едно од првите две места што водат во директен пласман во најсилното натпреварување во Унгарија следната сезона. Очекуваме Vasas да победи на овој натпревар.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)