Тикет на денот

15 февруари 2026


Feyenoord



G.A. Eagles

Холандија • Eredivisie – Round 23
📅 14.02.2026
🕐 12:15
💡 Тип:
1 (Победа на Feyenoord) Квота: 1.38
Feyenoord се на втората позиција со 42 бодови и заостанување од 17 бодови од лидерот PSV, и нивната примарна цел оваа сезона ќе биде да се задржат на втората позиција и да изборат пласман за Лигата на шампиони за следната сезона. На досегашните натпревари кои ги одиграа сезонава, тие остварија 13 победи, на 3 натпревари ремизираа и загубија на 6 натпревари. Во нападот беа исклучително ефикасни, каде на 22 натпревари постигнаа 52 голови, додека во одбраната имаа доста пропусти на неколку натпревари, особено на гостински терен, па така на досегашните натпревари тие примија 32 голови. Јапонскиот интернационалец Ayase Ueda со 18 постигнати голови е играчот кој придонесе најмногу за тимот, а воедно тој е и најдобар стрелец во лигата во моментов. На домашен терен против денешниот ривал имаат 5 победи на последните натпревари од лигата.
G.A. Eagles со 23 бодови се на 15-тата позиција на табелата, веднаш над опасната зона, и нивниот приоритет сезонава ќе биде опстанок во лигата, така што секој освоен бод за нив ќе биде многу значаен. На досегашните натпревари тие остварија 4 победи, на 11 натпревари одиграа нерешено и загубија 7 мечеви. Во нападот беа солидни со 33 постигнати голови на 22 натпревари, додека во одбраната се соочија со доста проблеми на голем дел од натпреварите, каде досега примија 38 голови. Mathis Suray со 8 постигнати голови и една асистенција, како и Milan Smit, кој постигна 6 голови и асистираше за два на досегашните натпревари, се играчите кои најмногу се истакнаа во тимот. На гостински терен играат особено лошо, каде немаат забележано победа на последните 8 натпревари, од кои 5 ги загубија, а на 3 натпревари ремизираа.
Feyenoord е фаворит во овој дуел и, со оглед на тоа што конкуренцијата за второто место е голема, освојувањето на три бодови од овој натпревар ќе биде нивната цел. Сметаме дека домаќините ќе ја имаат иницијативата во поголемиот дел од натпреварот и ќе победат во овој дуел.


Sparta Prague



Hradec Kralove

Чешка • Chance Liga
📅 14.02.2026
🕐 18:30
💡 Тип:
1 (Победа на Sparta Prague) Квота: 1.33
Sparta Prague се на втората позиција со 44 бодови и заостануваат 6 бодови од лидерот во моментов, Slavia Prague, но имаат и натпревар помалку, па доколку победат во овој дуел, тие ќе се приближат на само три бодови заостанување од првата позиција на табелата. На досегашните натпревари тие остварија 13 победи, на 5 натпревари ремизираа и загубија 3 мечеви. Во нападот се доста организирани, па така на 21 натпревар досега тие постигнаа 41 гол, додека одбраната е доста компактна со мали пропусти на некои од натпреварите, па така досега Sparta Prague прими 23 голови. Albion Rrahmani со 8 постигнати голови, како и Matyas Vojta и Lukas Haraslin со по 7 постигнати голови, се играчите кои го предводат тимот сезонава. На домашен терен имаат 9 победи од последните 10 дуели со денешниот ривал.
Hradec Kralove се на 7-та позиција во моментов со 30 бодови и тие ќе се обидат да завршат во топ 6 тимовите кои ќе се натпреваруваат во Championship Group. На досегашните натпревари тие остварија 8 победи, на 6 натпревари одиграа нерешено и загубија на 7 мечеви. Во нападот беа солидни со 33 постигнати голови на 21 натпревар, додека во одбраната имаа мали пропусти, каде примија 27 голови. Искусниот Vladimir Darida со 8 постигнати голови и три асистенции е предводник на тимот оваа сезона. На гости, откако остварија неколку добри резултати, на последните три гостувања беа поразени.
Sparta Prague е еден од конкурентите за титула оваа сезона во најсилната лига во Czech Republic. Како и на претходните натпревари кои ги одиграа на домашен терен против тимот на Hradec Kralove, така и на овој се очекува доминација и победа на домаќинот.


Sporting CP



Famalicao

Португалија • Liga Portugal
📅 14.02.2026
🕐 21:30
💡 Тип:
1 (Победа на Sporting CP) Квота: 1.30
Sporting CP со 52 бодови се на 2-ро место, со заостанување од 4 бодови зад лидерот во моментов, а тоа е екипата на Порто, со кој ремизираа во претходното коло. На досегашните натпревари тие остварија 16 победи, на 3 натпревари одиграа нерешено и загубија само на еден натпревар во лигата. Колумбискиот интернационалец Luis Suarez со 19 постигнати голови и четири асистенции се истакна најмногу во тимот, а исто така Pedro Goncalves со 10 постигнати голови и 5 асистенции беше играчот кој придонесе за добрите резултати на Sporting од Лисабон. На домашен терен играат во одлична форма со 6 последователни победи.
Famalicao се на 6-тата позиција со 32 бодови и оваа сезона тие покажаа дека можат да бидат незгоден противник за голем дел од тимовите во лигата. На досегашните натпревари тие имаат остварено 9 победи, на 5 натпревари одиграа нерешено и загубија на 7 натпревари. Во нападот играат претпазливо, каде реализираа голем дел од приликите за гол кои ги создадоа, па така на 21 натпревар досега тие постигнаа 21 гол, додека одбраната е цврста и стабилна со само 20 примени голови во лигата на досегашните натпревари. Младиот Gustavo Sa со 4 постигнати голови и една асистенција, како и Yassir Zabiri, кој поради повреда ќе отсуствува на овој натпревар, се играчите кои придонесоа најмногу за тимот на досегашните натпревари. На гостински терен, иако на почетокот од сезоната имаа добри резултати, каде на 6 натпревари немаа загубено и остварија 3 победи и исто толку ремија, на последните 4 гостински натпревари тие загубија на 3 од нив.
Sporting CP, и според формата и позицијата на табелата, како и ростерот на играчи кој го поседува, е апсолутен фаворит на овој натпревар, па очекувањата се тие да ја имаат иницијативата од самиот почеток и да победат на овој натпревар, како би останале конкурентни за титулата и оваа сезона.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)