💡 Тип:
1 (Победа на Al Jabalain) — Квота: 1.50
Al Jabalain со освоени 30 бодови моментално се наоѓа на 6. позиција, место кое води во плеј-оф натпреварите за пласман во најсилната лига во Саудиска Арабија следната сезона. По 17 одиграни натпревари, тимот забележа 8 победи, 6 нерешени средби и само 3 порази, што претставува многу солиден учинок. Во офанзива се покажаа како еден од поопасните тимови, со 29 постигнати голови, а со оглед на бројот на создадени шанси, можеле да имаат и подобар голгетерски ефект. Одбраната, пак, е меѓу најдобрите во лигата, со само 16 примени голови досега. Најголем придонес во нападот има Cheikh Toure со 8 голови и 2 асистенции, додека искусниот португалски интернационалец Joao Novais исто така се истакна со 7 голови и 5 асистенции. Особено силни се на домашен терен, каде на последните пет натпревари забележаа четири победи и едно реми, што ги прави сериозен кандидат за плеј-оф пласман.
Al Batin е најслабиот тим во досегашниот дел од првенството и со само 4 освоени бодови заслужено се наоѓа на последната позиција на табелата. По 16 одиграни натпревари, тимот сè уште нема ниту една победа, има забележано 4 нерешени средби и дури 12 порази, што јасно ја отсликува нивната лоша форма. Како во нападот, така и во одбраната, Al Batin делува неорганизирано и без јасна идеја во играта. Досега постигнаа 16 голови, но примија дури 36, што ги прави екипа со најслаба одбрана во лигата. Единствени фудбалери кои покажаа некаква конзистентност се Khaled Al Lazam со 6 постигнати голови, како и Abdoulaye Diaby, кој додаде 4 голови и 2 асистенции. На гостински терен ситуацијата е уште полоша, со пет порази на последните шест натпревари и само еден освоен бод против Al Anwar. Со вакви резултати, опстанокот во лигата изгледа речиси невозможен доколку клубот не направи сериозни и брзи промени во составот и начинот на игра.
Домаќините се апсолутни фаворити во овој дуел против најслабиот тим во лигата оваа сезона, и со оглед на тоа што трите бодови се потребни за екипата на Al Jabalain за да останат конкурентни за плеј-оф, сметаме дека домаќините ќе победат во овој дуел.
💡 Тип:
1 (Победа на Forest Green) — Квота: 1.39
Forest Green со освоени 54 бодови моментално се наоѓа на 5. позиција на табелата, која обезбедува плеј-оф натпревари за пласман во Англиската Лига Еден следната сезона. Сепак, нивните амбиции се и поголеми, бидејќи заостануваат само два бода зад директните конкуренти за автоматска промоција. По 27 одиграни натпревари, тимот забележа 15 победи, 9 нерешени средби и само 3 порази, што претставува одличен учинок. Офанзивно се меѓу најефикасните екипи во лигата со 45 постигнати голови, додека во одбраната имаа одредени осцилации, примајќи 25 голови. Најголем индивидуален придонес има Kyle McAllister, кој досега постигна 8 голови и запиша 4 асистенции. На домашен терен Forest Green игра солидно, иако во последно време имаат мали проблеми со формата. Сепак, охрабрувачки е фактот што против денешниот ривал имаат четири победи на последните пет домашни дуели, што им дава дополнителна самодоверба пред овој натпревар.
Altrincham со освоени 26 бодови моментално се наоѓа на 19. позиција на табелата, веднаш над опасната зона, но нивната ситуација станува сè поалармантна. По 26 одиграни натпревари сезонава, тимот оствари 8 победи, 2 нерешени средби и дури 16 порази, што јасно укажува на нестабилност во резултатите. Формата е исклучително лоша, бидејќи се наоѓаат во серија од шест последователни порази, од кои пет се во првенството и еден во куп-натпреварите. Во нападот Altrincham делува солидно со 29 постигнати голови, но најголемиот проблем е одбраната, која покажа сериозни слабости и досега прими 41 гол. Единствен фудбалер кој се истакна со континуиран придонес е Jimmy Knowles, со 6 голови и 2 асистенции. На гостински терен состојбата е уште полоша, со пет порази по ред, а доколку итно не се направат промени во играта и пристапот, Altrincham ризикува да се најде во зоната за испаѓање во продолжението на сезоната.
Forest Green е сериозен кандидат за пласман во повисок ранг за следната сезона, и со оглед на фактот што конкуренцијата е многу голема оваа сезона, тие треба да остваруваат победи против послабо рангираните тимови како што е денешниот ривал. Сметаме дека домаќините ќе ја имаат иницијативата на овој натпревар и ќе остварат победа.
💡 Тип:
2 (Победа на Barcelona) — Квота: 1.33
Slavia Prague моментално се наоѓа на 34. позиција со само три освоени бодови и зад себе има многу тешка европска кампања. По шест одиграни натпревари, тимот сè уште нема победа, со три нерешени средби и три порази, како и скромна гол-разлика од 2:11, што јасно го отсликува недостатокот на континуитет. Офанзивно, Slavia има сериозни проблеми против поквалитетни противници и ретко создава чисти шанси, најчесто потпирајќи се на прекини и индивидуални решенија. Во одбраната се повлекуваат длабоко и играат претпазливо, но и покрај тоа често примаат голови поради постојан притисок и недоволна компактност. Mbojdi е најистакнат стрелец досега, додека Provod претставува главна креативна поддршка. На домашен терен имаат две ремија и еден пораз, со гол-разлика 2:5, што не им носи значителна предност. Стилот на игра е борбен, но реактивен и дефанзивно ориентиран, што дополнително ја ограничува нивната ефикасност.
Barcelona моментално се наоѓа на 15. позиција со освоени 10 бодови и има солидна и стабилна европска кампања, особено ако се земе предвид формата во последниот период. По шест одиграни натпревари, каталонскиот гигант забележа три победи, едно реми и два порази, со гол-разлика 14:11, што укажува на ефикасна игра во нападот. Формата е во јасен подем благодарение на серијата позитивни резултати. Офанзивно, Barcelona игра со висок посед на топка, брз проток и постојан притисок врз противникот, создавајќи голем број шанси. Во дефанзивата знаат да остават простор при брзи транзиции, но генерално делуваат организирано. Rashford се истакнува како главна офанзивна закана, додека Fermin и Lamine Yamal претставуваат значајна поддршка. На гостински терен имаат една победа, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 5:7, што покажува одредена ранливост, но и квалитет. Стилот на игра е доминантен, офанзивен и со јасна контрола на ритамот.
Slavia ќе се обиде да се брани компактно и да го забави темпото, додека Barcelona ќе ја наметне контролата и квалитетот. На овој натпревар се очекува доминација и победа на гостите.