Тикет на денот

21 декември 2025


Utrecht



PSV

Холандија: Eredivisie
📅 21.12.2025
🕐 12:15
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) — Квота: 1.50
Utrecht влегува во овој натпревар со солидна, но нецелосно стабилна форма. Се наоѓаат на 8-то место со 23 освоени бодови досега. Тимот е особено конкурентен на домашен терен, каде игра поорганизирано и со поголема самодоверба, што се гледа и од учинокот од пет победи, две ремија и само еден пораз. Тактички се потпира на компактна средина, постепена изградба на нападите и дисциплинирана дефанзивна линија. Сепак, проблем претставува недоволната ефикасност во завршницата и честите падови во интензитетот против екипи со висок пресинг. Во офанзива најмногу се истакнуваат Zechiel, Jensen и de Wit, кои носат динамика и директност, но тимот знае да има потешкотии кога е приморан да игра во повисок ритам и под постојан притисок. На секој од последните 11 одиграни меча на сите натпреварувања имаат постигнато најмалку по еден гол.
PSV доаѓа како лидер на табелата и екипа со најконзистентна форма во лигата. Имаат одлична офанзива со 50 постигнати гола по 16 одиграни меча. Тимот има максимален учинок на гостински терен од осум победи на осум одиграни натпревари и импресивна гол-разлика од 24:7, што јасно укажува на офанзивната моќ и стабилноста во сите линии. Играта се базира на висок пресинг, брз проток на топка и постојан притисок врз противничката одбрана. Средниот ред доминира со контрола и темпо, додека нападот е исклучително ефикасен. Til, Saibari и Veerman се клучни фигури кои создаваат и реализираат шанси, а тимот ретко дозволува противникот да воспостави сопствен ритам. За овој натпревар, покрај повредените, отсутни ќе бидат уште три стандарди играчи кои имаат интернационални обврски и ќе бидат дел од Африканскиот куп на нации.
Со оглед на формата, квалитетот и гостинскиот учинок, PSV влегува како јасен фаворит. Utrecht е одличен на домашен терен и очекуваме да има блескави моменти на мечот, со оглед на тоа дека гостинот нема да биде комплетен на овој натпревар.


L.R. Vicenza



Triestina

Италија: Serie C – Group A
📅 21.12.2025
🕐 14:30
💡 Тип:
1 (Победа на L.R. Vicenza) — Квота: 1.35
L.R. Vicenza влегува во овој натпревар како апсолутен лидер со 46 бода и веќе 12 бода повеќе од вториот на табелата, и е тим со најстабилна форма сезонава. По 18 одиграни кола имаат 14 победи и четири ремија, без ниту еден пораз, што јасно говори за нивната конзистентност и тактичка дисциплина. На домашен терен се исклучително сигурни, со максимален учинок и гол-разлика 21:4, што укажува на силна дефанзивна структура и ефикасен напад. Тимот игра со контролиран посед, висок интензитет во средината и брзи решенија во завршницата. Rauti е прв стрелец и клучна офанзивна алка, додека Stuckler и Morra обезбедуваат длабочина и континуирана закана од втор план. Vicenza ретко паѓа под ритам, што е карактеристика на екипа која заслужува да биде во повисок ранг.
Triestina се наоѓа на последното место и се соочува со сериозни проблеми во континуитетот и стабилноста. Беа казнети со 23 бода, а сезонава по 18 одиграни меча имаат освоено 21 бод. Иако имаат поединечни позитивни резултати, генералната слика е негативна, со слаба гол-разлика и чести осцилации во играта. На гостински терен нивниот учинок е ограничен, со проблеми во организацијата на одбраната и тешкотии при изнесување на топката под притисок. Triestina најчесто игра повлечено, со обид за компактна формација и контранапади, но против тим како Vicenza тоа тешко функционира. Gunduz и Vertainen се најопасни во нападот, но често остануваат изолирани поради недоволна поддршка од средниот ред.
L.R. Vicenza влегува како јасен фаворит, сè уште се непоразени и по 18 одиграни меча, од кои 14 се победи. Triestina тешко ќе издржи 90 минути на терен каде домаќинот има максимален учинок оваа сезона.


Galatasaray



Kasimpasa

Турција: Super Lig
📅 21.12.2025
🕐 18:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови) — Квота: 1.35
Galatasaray е на втората позиција со 39 бода, ист број на бодови како и Fenerbahce, но со натпревар помалку. Влегува во овој натпревар како еден од најофанзивно ориентираните тимови во лигата со гол-разлика 36:12. Играат со високо темпо, континуиран притисок и јасна намера да доминираат на домашен терен. Тимот создава голем број шанси, а домашниот учинок дополнително ја зголемува нивната напаѓачка ефикасност. Присуството на играчи како Icardi и Sane носи константна закана во шеснаесетникот, при што Galatasaray ретко се задоволува со минимална предност. Дефанзивно, иако стабилни, често оставаат простор поради високата линија, што придонесува натпреварите да добијат отворен карактер со повеќе голови.
Kasimpasa, иако позиционирана на 14-тото место на табелата, е тим кој не се затвора целосно, особено против фаворити, туку се обидува да одговори преку транзиција и директна игра. Ова често резултира со натпревари со поголем број шанси на двете страни, но и со дефанзивни пропусти. Гостинската форма покажува дека Kasimpasa прима голови под притисок, но истовремено знае да постигне погодок кога противникот ризикува. Со играчи како Gueye и Winck, кои се активни во нападот, тимот може да придонесе кон гол-сценарио, особено ако Galatasaray рано поведе и го отвори мечот.
Со оглед на офанзивниот квалитет на Galatasaray, начинот на игра на Kasimpasa и статистиката од последните четири меѓусебни натпревари, се очекува динамичен меч со отворена игра и најмалку три гола во текот на натпреварот.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)