
Тикет на денот
Galatasaray – Goztepe
Galatasaray моментално е лидер во турската Super Lig со 25 бодови по 9 одиграни натпревари. Тимот има извонреден биланс со 8 победи и едно реми, при што постигна 22 голови и прими само 4 — најдобра одбрана во лигата. Ова е одлична можност за нив со позитивен резултат да ја зацврстат својата позиција на врвот. Против денешниот ривал имаат одлични резултати од минатото — на последните 10 меѓусебни натпревари, Galatasaray победи на 9, а загуби само еден, во 2019 година.
Goztepe се наоѓа на 5-тата позиција со 16 бодови по 9 одиграни натпревари оваа сезона. Тимот има солиден биланс со 4 победи, 4 ремија и само еден пораз, при што постигна 11 голови и прими само 3 — најмалку во целата лига, што ги прави најцврста одбрана во турската Суперлига. Сепак, нивната традиција против Galatasaray е слаба — на сите 9 гостувања досега Goztepe има забележано пораз.
Arsenal – Crystal Palace
Arsenal ја презеде лидерската позиција во Премиер лигата со 19 бодови по осум одиграни натпревари и се наоѓа во одлична форма под водство на Микел Артета. Тимот има серија од шест последователни победи во сите натпреварувања, а во последниот меч славеше со минимални 0:1 против Fulham. Arsenal постигна 15 голови и прими само 3, што ја прави нивната одбрана најдобра во лигата. На домашен терен имаат 3 победи и едно реми, а во Лигата на шампионите го декласираа Атлетико Мадрид со 4:0.
Crystal Palace моментално се наоѓа на 8-мото место во Премиер лигата со 13 бодови и под водство на Оливер Гласнер покажува стабилни настапи. Тимот одигра 8 натпревари, при што забележа 3 победи, 4 ремија и само еден пораз. Во последниот меч одигра возбудливо реми 3:3 против Bournemouth. Палас постигна 12 голови и прими 8, а на гостински терен има 2 победи, едно реми и еден пораз. Во Конференциската лига беа минимално поразени од АЕК Ларнака со 0:1.
Ferencvaros – Zalaegerszegi
Ferencvaros пред само три дена одигра тежок натпревар на гостински терен во Австрија против Salzburg, каде успеа да слави со 2:3. Во унгарското првенство тимот се наоѓа на 4-тата позиција со 16 бодови, но има одиграно два натпревари помалку од водечките екипи. На досегашните 9 натпревари забележаа 4 победи, 4 ремија и 1 пораз, при што постигнаа 19 голови, а примија 9, покажувајќи стабилна форма и ефикасен напад.
Zalaegerszegi ја започна сезоната слабо и моментално се на последното место со само 7 бодови по 10 одиграни натпревари. Тимот има една победа, четири ремија и пет порази, при што постигна 16 голови, а прими 19. Одбраната им претставува голем проблем, додека нападот покажува потенцијал. Против денешниот ривал немаат добар биланс — на последните пет меѓусебни дуели загубија четири пати, а само еднаш одиграа нерешено.










