Тикет на денот

27 јануари 2026


Al Ahly



Wadi Degla

Египет • Premier League
📅 27.01.2026
🕐 16:00
💡 Тип:
1 (Победа на Al Ahly) — Квота: 1.49
Al Ahly со 23 освоени бодови моментално се наоѓа на третата позиција на табелата, но нивната ситуација изгледа многу подобро ако се земе предвид фактот дека имаат одиграно два натпревари помалку од актуелниот лидер Ceramica Cleopatra, кој има 32 бодови. За да остане сериозен кандидат за шампионската титула оваа сезона, Al Ahly ќе мора да биде максимално ефикасен, особено на натпреварите што ги игра на домашен терен. Во досегашните 12 натпревари, тимот оствари 6 победи, 5 пати одигра нерешено и забележа само еден пораз. Нападот се покажува како една од посилните страни, со вкупно 20 постигнати голови, додека одбраната имаше одредени слабости и прими 13 погодоци. На индивидуален план најмногу се истакнаа Trezeguet со 4 погодоци и Zizo со 3 гола и 4 асистенции. На домашен терен Al Ahly игра стабилно, со 4 победи од 6 натпревари, а во меѓусебните дуели покажува јасна доминација со 8 победи во последните 10 средби.
Wadi Degla исто така имаат освоено 23 бодови, исто како и денешниот ривал, но поради помалиот број на постигнати голови се наоѓаат на четвртата позиција на табелата. За разлика од Al Ahly, тие имаат одиграно два натпревари повеќе, односно вкупно 14, на кои забележаа 6 победи, 5 нерешени резултати и 3 порази. Во нападот Wadi Degla прикажаа солидни партии и досега постигнаа 18 голови, додека во одбраната имаа одредени пропусти, па на своја сметка примија 13 погодоци. Најистакнати поединци во тимот се Ahmed Farouk со 4 постигнати голови и Mahmoud Diasty, кој има 3 голови и 3 асистенции. Иако оваа сезона се повратници во Египетската Премиер лига, Wadi Degla покажуваат цврст карактер, дисциплинирана игра и завидна стабилност. На гостински терен одиграа 6 натпревари, при што остварија 3 победи, 2 ремија и само еден пораз, што дополнително ја потврдува нивната конкурентност.
Al Ahly на овој натпревар ќе биде комплетен откако се вратија клучните играчи во тимот по Африканскиот куп на нации, и се очекува да ја има иницијативата во поголемиот дел и да оствари победа во овој дуел.


Al Wahda



Dibba Al Fujairah

ОАЕ • UAE League
📅 27.01.2026
🕐 17:00
💡 Тип:
1 (Победа на Al Wahda) — Квота: 1.26
Al Wahda со освоени 26 бодови моментално се наоѓа на третата позиција на табелата и заостанува 5 бодови зад лидерот Shabab Al-Ahli Dubai. Во досегашните 13 одиграни натпревари, тимот прикажа стабилни и константни настапи, при што оствари 7 победи, 5 пати одигра нерешено и забележа само еден пораз. Особено се истакнува нивната ефикасност во нападот, каде постигнаа вкупно 20 голови, додека одбраната делува сигурно и дисциплинирано. На голем дел од натпреварите успеаја да ја сочуваат својата мрежа, а вкупно примија само 10 голови. Најзаслужен поединец во офанзивниот дел е Omar Maher Khribin, кој со 11 постигнати голови е најефикасен играч во тимот и втор стрелец во лигата. На домашен терен Al Wahda одиграа 6 натпревари, остварија 4 победи и запишаа две ремија, што ја потврдува нивната силна форма пред својата публика.
Dibba Al Fujairah се наоѓа на претпоследната, 13. позиција на табелата со само 9 освоени бодови и доколку не дојде до значителни промени во играта и составот, нивниот опстанок во лигата сериозно ќе биде доведен во прашање. Во досегашните 13 натпревари оваа сезона, тимот оствари само 2 победи, 3 пати одигра нерешено и доживеа дури 8 порази, што јасно ја отсликува нивната слаба форма. Нападот функционира многу лошо, со мал број креирани шанси, а досега се постигнати само 12 голови. Уште поголем проблем претставува одбраната, која е една од најслабите во лигата со 27 примени голови, односно просек од повеќе од два гола по натпревар. Единствен светол момент во тимот е Ali Meme, кој со 6 постигнати голови и една асистенција е најконстантен и најкорисен играч. На гостински терен Dibba Al Fujairah одигра 6 натпревари, од кои загуби 3, двапати ремизираше и само еднаш успеа да ги освои сите три бода.
Како и на претходните натпревари помеѓу овие два тима, така и на овој очекуваме иницијативата да ја има домашниот тим и Al Wahda да забележи шеста последователна победа на домашен терен против тимот на Dibba Al Fujairah.


Torquay



Farnborough

Англија • National League South
📅 27.01.2026
🕐 20:45
💡 Тип:
1 (Победа на Torquay) — Квота: 1.37
Torquay со освоени 50 бодови моментално се наоѓа на третата позиција на табелата, со ист број бодови како второпласираниот Worthing и само два бодови помалку од лидерот Hornchurch, кој притоа има одиграно и еден натпревар помалку од своите директни конкуренти. Во досегашниот дел од сезоната, Torquay одигра 27 натпревари на кои оствари 15 победи, 5 пати одигра нерешено и претрпе 7 порази. Тимот прикажува солидни настапи во нападот, каде постигна 53 голови, што ги вбројува меѓу поефикасните екипи во лигата. Во одбраната имаше одредени осцилации, но со 30 примени голови сепак се движи во рамките на просекот на својата конкуренција. Најзаслужни за офанзивниот учинок се Louis Dennis и Jordan Young, кои со по 13 погодоци се истакнуваат како главни стрелци и заедно учествуваат во повеќе од половина од вкупните голови на тимот. На домашен терен, во последните шест натпревари Torquay оствари 4 победи, еден пораз и едно реми, а против денешниот ривал во претходните сезони забележа две победи.
Farnborough со освоени 28 бодови се наоѓа на 20. позиција на табелата, веднаш над опасната зона, со само три бода предност во однос на местата што водат кон испаѓање од лигата. Главната цел на екипата оваа сезона е обезбедување опстанок и задржување на позиција која гарантира останување во натпреварувањето. Во досегашниот дел од сезоната, Farnborough оствари 7 победи, 7 нерешени резултати и доживеа 14 порази, што јасно ја покажува нивната неконзистентност. Иако во офанзивниот дел тимот знае да ги искористи шансите и досега постигна 38 голови, најголем проблем претставува одбраната. Со дури 53 примени погодоци, Farnborough се вбројува меѓу екипите со најслаба дефанзива во лигата. Најистакнати поединци се Dominic Poleon со 9 постигнати голови и Rakish Bingham со 8 погодоци, кои имаат најголем придонес во нападот. По серија од 10 гостувања без победа, тимот конечно ја прекина негативната низа со триумф од 1-2 против Eastbourne Boro, што може да биде значаен поттик за продолжението на сезоната.
Torquay е апсолутен фаворит во овој дуел и сè освен победа на овој натпревар ќе се смета како неуспех за нив. Тие играат во добра форма, особено на свој терен, па сметаме дека ќе ја искористат таа предност и на овој натпревар и ќе слават уште една победа против денешниот противник.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)