Тикет на денот
Venezia
–
Entella
Entella се наоѓа на 15-тата позиција со 16 бодови. По 17 одиграни натпревари имаат три победи, 7 ремија и 7 порази, со гол-разлика 16:25, што укажува на проблематична сезона, особено во дефанзивен аспект. Формата е слаба, со повеќе порази и тешкотии во одржување резултат, односно немаат победa веќе 6 меча. Офанзивно Entella се потпира на Tiritiello и Franzoni, но нападот често е неефикасен и без континуитет. Дефанзивата е ранлива, особено на гостински терен, каде што тимот има слаб учинок и често прима рани голови. На гости Entella има само две ремија од 8 натпревари и негативна гол-разлика. Стилот на игра е претпазлив, со фокус на дефанзивна поставеност и обиди за контра-напади, но без доволна реализација.
Al Ittihad
–
Al Shabab
Al Shabab се наоѓа на 13-тата позиција со 8 бодови. По 9 натпревари имаат само една победа, пет ремија и три порази, со гол-разлика 7:11, што покажува сериозни проблеми во реализацијата. Формата е слаба, со низа нерешени резултати и тешкотии во наметнување ритам, особено на гостински терен. Немаат победа веќе 6 меча, а офанзивно тимот најмногу зависи од Carrasco, додека поддршката од средниот ред често изостанува. Дефанзивата е компактна, но под подолг притисок знае да попушти. Стилот на игра е повнимателен, со фокус на затворена игра и обиди за контра-напади. На гостински терен исто така немаат победа веќе 6 меча, од кои три порази и три ремија.
Ironi Tiberias
–
Beitar Jerusalem
Beitar Jerusalem во лигата е на втората позиција со 33 бодови по 15 одиграни натпревари, со 10 победи, три ремија и два порази и одлична гол-разлика 37:18. Тимот е во многу добра форма и се бори за врвот на табелата. Имаат само еден пораз на последните 13 меча на сите натпреварувања, од кои 10 победи. Имаат голема самодоверба, особено во нападот, каде што создаваат голем број шанси. На гости играат дисциплинирано, со добра рамнотежа меѓу напад и одбрана. Офанзивно се потпираат на брза циркулација на топката и силни крила, додека дефанзивата е компактна и ретко дозволува шанси. Atzili и Shua се клучни фигури и главни креатори на опасност. Стилот на игра е со висок посед и постојан притисок врз противникот.










